Со голема операција на Европол погодена мрежата на малициозен софтвер

May 30, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Четворица осомничени се уапсени, а над 100 интернет-сервери се срушени или прекинати по операцијата „Ендгејм“, „најголема акција досега“ против ботнетовите, соопшти денес Европол, пренесува Анадолу.

Во соопштението, Европол истакна дека малициозни софтвери, меѓу кои IcedID, SystemBC, Pikabot, Smokeloader, Bumblebee и Trickbot биле цел на заедничка операција од 27 до 29 мај, како дел од напорите за уништување на киберинфраструктурата што се користи за криминални цели.

Во операцијата се уапсени четири лица, едно во Ерменија и три во Украина, додека над 100 сервери се симнати или прекинати во Бугарија, Канада, Германија, Литванија, Холандија, Романија, Швајцарија, Велика Британија, Соединетите Американски Држави (САД) и Украина.

Исто така, извршен е претрес и на 16 локации, по една во Ерменија и Холандија, три во Португалија и 11 во Украина како дел од операцијата „Ендгејм“, „најголема операција досега“ против ботнети, според Европол.

„Ова е досега најголема операција против ботнети, кои играат главна улога во распоредувањето на уценувачкиот софтвер (рансомвер)“, се вели во соопштението и се додава дека во операцијата, иницирана и предводена од Франција, Германија и Холандија, поддржана од Европравда, биле вклучени и Данска, Велика Британија и САД.

Ерменија, Бугарија, Литванија, Португалија, Романија, Швајцарија и Украина, исто така, ја поддржаа операцијата.

Европол истакна дека по операцијата осум бегалци поврзани со овие криминални активности, барани од Германија, на 30 мај 2024 година ќе бидат додадени на листата на најбарани лица во Европа.

„Операцијата ‘Ендгејм’ не завршува денес. Новите акции ќе бидат објавени на веб-страницата Operation Endgame“, истакна Европол.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Србија финишира изборната кампања за локалните избори и за град Белград

Следно

Ердоган: Вежбата „Ефес-2024“ е заснована на зачувувањето на мирот

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop