Со донација од ОКТА, корисниците од Здружението „За тебе“ ќе се стекнат со возачки дозволи

January 12, 2023
1 min read

Десет корисници, членови на Здружението „За тебе“ („4U“) ќе се стекнат со возачка дозвола преку донација од ОКТА АД – Скопје, со што ќе ги унапредат своите професионални вештини и ќе ги зголемат своите можности за вработување. Младите кои ќе ги користат средствата обезбедени од компанијата за оваа намена се полнолетни лица, кои растеле во СОС Детско село или во домот за деца без родители „11-ти Октомври“. Донацијата ќе ги покрие сите трошоци за обука, здравствени прегледи и полагањата на сите испити до стекнување на возачка дозвола.

„Поддршката на лицата, особено младите, од социјален ризик е наша долгорочна определба како општествено одговорна компанија. Благодарни сме што имаме можност да им помогнеме на овие млади луѓе кои ги прават првите чекори во својот самостоен живот. Стекнувањето возачка дозвола ќе го унапреди нивниот индивидуален и професионален развој, дополнително ќе ги изедначи со останатите врсници, правејќи ги поконкурентни на пазарот на трудот. Веруваме дека целиот процес на едукација и обука ќе придонесе да станат одговорни учесници во сообраќајот и да ја шират добрата сообраќајна култура за побезбедни патишта“, изјави на свеченото доделување на донацијата главниот извршен директор на ОКТА Вук Радовиќ.

Здружението „4U“ обезбедува помош и поддршка за млади во социјален ризик во процесот на вработување, при пронаоѓање привремено сместување, но и во опремувањето на нивните живеалишта, обезбедувањето храна, средства за хигиена и други потреби во секојдневниот живот.

„Поддршката од поединци, организации, помали и поголеми компании на секој наш штитеник му покажува дека не е препуштен сам на себе во животот. Оваа порака, која е најважната, денес ја испраќа и ОКТА. Нивната донација не само што е благородна, туку и доаѓа во вистинско време за вистинските млади луѓе, за кои можноста да се стекнат со возачка дозвола е навистина драгоцена. Верувам дека секој од нив ќе го памети овој чекор на компанијата која не еднаш ја покажала својата грижа за ранливите групи, а особено за децата и младите во социјален ризик“, изјави претседателката на Здружението „4U“ Цеце Николовска, која и самата е поранешна штитеничка на СОС Детско село.

Оваа донација е во рамки на платформа на ОКТА за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот „ЈАС ВНИМАВАМ“, која компанијата активно ја спроведува веќе петта година по ред. Како дел од платформата досега реализирани се следниве активности – донација на едукативни сообраќајни полигони во основните училишта ширум земјава, обука на децата и продукција на едукативни содржини за нив, донација на рефлектирачки приврзоци за поголема безбедност во сообраќајот на сите првачиња во Скопје, продуцирање и емитување на едукативни видео материјали за најчестите причини за сообраќајни незгоди, донација на механизми за регулирање на работата на семафорите на дел од булеварите во Скопје и  50 уреди за звучна сигнализација на пешачки премини во главниот град наменети за лица со оштетен вид.

Во 2017-та година, платформата „ЈАС ВНИМАВАМ“ беше прогласена за најдобра национална општествено одговорна практика.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОВРАТЕНИ 5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ОД ИМОТОТ НА FTX, ќе се офајдат ли доверителите?

Следно

29-годишна скопјанка касната од куче во кругот на клиники

Latest from Blog

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.
Go toTop