Со 65 гласа „За“, 3 гласа „против“ и ниту еден воздржан, Собранието ја избра техничката влада

January 28, 2024
1 min read

Со 65 гласа „За“, 3 гласа „против“ и ниту еден воздржан, Собранието ја избра техничката влада, на чело со Талат Џафери и ќе има мандат од 100 дена. Пратениците од опозицијата, очекувано и како што беше најавено не гласаа за изборот на нов мандатар и Влада.

Во своето излагање Џафери рече дека приоритет во неговиот мандат ќе биде спроведување на фер и демократски претседателски и парламентарни избори, владеење на правото и почитување на Уставот и унапредување на стратешките односи со ЕУ, САД и НАТО.

„Владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал остануваат главен приоритет на Владата. Во однос на подготовката и организирањето на изборите, ќе ги спроведе сите законски, институционални, организациски и оперативни предуслови за спроведување на јасната волја на граѓаните, со цел да се овозможат највисоките европски стандарди во процесот во изборната кампања и самите избори, односно да се одржат избори со целосен легалитет, легитимитет и консензуално прифаќање на изборната волја на граѓаните“, рече Талат Џафери, премиер.

ВМРО-ДПМНЕ упати остри тонови кон Џафери нарекувајќи го воен дезертер како неговиот претходник

Шефот на ДУИ, Али Ахмети одговори на обвинувањата на опозицијата. Ахмети рече дека етничката еднаквост во Македонија донесе стабилност и оваа земја е заеднички дом за сите.

„Пред нас се големи проблеми кои оваа и следната Влада мора да се заложат за решавање и да бидат креативни во градењето политики за иднината. Студената војна заврши и сега е многу жешка војна. Ако сме патриоти, ќе работиме нашата држава да ја зачлениме во ЕУ што е можно поскоро, ако сакаме младите да останат во земјава каде што се родени и живеат“, нагласи Али Ахмети, пратеник на ДУИ.

Левица ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека заедно со СДСМ и ДУИ станува дел од уништувањето на институциите.

Алијанса за Албанците како дел од техничката Влада побара од сите политички актери да ја почитуваат новата меѓуетничка реалност во државата.

„Немаме друг излез. Мора да се земе предвид меѓуетничката реалност во државата. Единствената формула е меѓуетничка кохезија. Продуктивните компромиси се предуслов за тоа. Компромисот не значи етничка, верска и политичка диференцијација, туку напротив, значи прифаќање и развој на различностите“, рече Елми Азири, пратеник на АА.

Министрите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се појавија на заедничката фотографија со останатите министри од техничката влада.

Мандатот на Техничката влада трае до 8 мај, а нејзината улога е организирање на парламентарните избори./Алсат.мк

Адриан Керими

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Најидеалните љубовни комбинации: Овие знаци најдобро се согласуваат и судено им е да бидат заедно!

Следно

Европски сојуз за промена: Техничкиот премиер, последната измама на ДУИ

Latest from Blog

Wolt: Прогресивен двигател на дигиталната промена во Македонија

Лансирањето на Wolt во Македонија претставува повеќе од појава на уште една апликација за достава, тоа е пресвртница во дигиталната и економската трансформација на земјата. Говорејќи на годишната eCommerce конференција во Скопје,

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања

Конте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“

Синоќа во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите, тимот на Наполи, на чело со нашиот Елиф Елмас во составот на домашен терен одигра само 0:0 против екипата на Ајнтрахт. Иако

Трагедија во Кентаки, САД – најмалку тројца загинати во пад на товарен авион

Ова е застрашувачкиот момент што го потресе Луивил. Безбедносните камери го снимија летот 2976 на УПС, само неколку секунди по полетувањето од меѓународниот аеродром. На левото крило веќе има пламен. Авионот не
Go toTop