На видеото се гледаат две лица како излегуваат од автомобил паркиран до удреното возило и влегуваат во блиската куќа, 25 секунди пред експлозијата, објави Тајмс оф Израел.
Потврдена е автентичноста на снимката споредувајќи ја прикажаната улица со сателитски снимки од областа.
Израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом соопшти дека пет лица се повредени откако касетна муниција го погодила градот, кој се наоѓа на околу 20 километри североисточно од Тел Авив во централен Израел.
Извор: vecer.mk


