Снимателот на Ал Џезира Самер Абудака убиен во израелски напад на југот на Газа

December 16, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Снимателот на Ал Џезира Самер Абудака е убиен во израелски напад на училиште во Хан Јунис, на југот на Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Ал Џезира објави дека итната помош не можела да се пробие до нивниот снимател поради интензивното гранатирање и урнатини на патот кон местото каде е погоден.

Во овој напад ранет е и новинарот и шефот на канцеларијата на Ал Џезира во Газа, Ваел Дахдух, кој е погоден од гелер во раката и во половината.

Три работници на цивилната заштита исто така се убиени во израелските напади на училиште во Хан Јунис.

Членовите на тимот на цивилната заштита се убиени додека се обидувале да ги спасат цивилите во училиштето Фархан, соопшти палестинското Министерство за внатрешни работи.

Трите члена на овој тим „ја извршувале својата хуманитарна должност“ во центарот на Хан Јунис, се вели во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Вонредна информација за сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро – да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да контактираат на 112

Следно

Во општина Ѓорче Петров се одржа трибина за превенирање на насилството меѓу младите

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop