Снегот го отежна сообраќајот низ земјава

January 20, 2024
1 min read

Поради снежните врнежи забранет е сообраќајот на тешки возила на патниот правец Гостивар-Стража и на патот Маврово-Дебар, додека сообраќајот на автобуси е запрен и на граничните премини „Јажинце“, „Ќафасан“ и Попова шапка, соопшти Авто мото сојуз на Македонија.

Од Авто мото сојузот информираат и дека поради силниот ветер и обилните снежни врнежи од 08:40 часот, на граничната точка „Јажинце“ е забранет сообраќајот на автобуси и тешки возила, додека за останатите возила задолжително е носење зимска опрема.

Во меѓувреме, од Центарот за управување со кризи соопштуваат дека поради обилните врнежи од снег, од 08:45 часот патниот правец Струга кон граничниот премин „Ќафасан“ е затворен за тешки возила.
Компанијата „Македонски патишта“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на сообраќајните знаци, како и прилагодување на брзината според условите на патот.

Добрата вест е дека снежните врнежи овозможија повторно отворање на скијачката сезона во Попова шапка.

Од Дирекцијата на Македонски патишта информираат и дека машините за чистење веќе неколку пати поминале на патниот правец Тетово – Попова Шапка, но поради континуираните врнежи од снег Дирекцијата им препорачува на возачите на возилата да носат зимска опрема./Alsat.mk

Авни Тахири

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вака изгледаше последен пат во јавноста Кејт Мидлтон: Беше јасно дека нешто се случува, сега се опоравува во луксузна болница – но децата не смее да ја видат!

Следно

Екипажот на мисијата Ах-3 пречекан на Меѓународната вселенска станица од Експедицијата 70

Latest from Blog

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,

Премиерот Мицкоски утре на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“

Утре 10.02.2026 година (вторник) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина

Поранешен битен пратеник на ДУИ премина во редовите на Изет Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е
Go toTop