Смртоносна дрога со ликот на Доналд Трамп ги загрижи експертите

August 31, 2026
1 min read

Холандскиот
институт за зависност од дрога и ментално здравје издаде „црвено
предупредување“ за корисниците за потенцијално смртоносни таблети екстази
коишто потсетуваат на американскиот претседател Доналд Трамп.

Институтот
„Тримбос“ со седиште во Утрехт соопшти дека неколку таблети биле предадени во
центрите за тестирање во август и дека било утврдено оти содржат „исклучително
голема“ количина од хемикалијата ПММА.

„Не
користете ја оваа таблета под никакви околности“, наведе институтот,
предупредувајќи дека дрогата може да предизвика „прегревање со потенцијално
фатални последици“.

Институтот
објави и фотографии од таблетите, коишто на едната страна го прикажуваат ликот
на Трамп, а на другата ги имаат утиснато зборовите „Трамп“ и „NL“.

ПММА,
односно параметоксиметаамфетамин, е супстанција слична на МДМА – активната
состојка во таблетите екстази.

„Сепак,
ефектот се јавува подоцна, а стимулативниот момент честопати изостанува. Тоа го
зголемува ризикот од предозирање“, предупреди здравствениот институт.

Корисниците
се известуваат дека би можеле да доживеат симптоми како гадење, забрзана работа
на срцето и грчеви со часови по внесувањето на таблетите.

Портпаролката
на институтот „Тримбос“, Анијек Грутуис, изјави за „Асошиејтед прес“ дека нема
пријавено случаи на смрт или на тешки заболувања меѓу потенцијалните корисници.

Иако
производството, продажбата и употребата на екстази се илегални во Холандија,
извештајот на холандската влада од 2024 година наведува дека супстанцијата е
„сè уште прилично популарна како дрога за забави“. Во извештајот се додава дека
во 2022 година „рекордни 550.000 луѓе“ ја зеле дрогата барем еднаш.

Ова не е
првпат цртите на ликот на Доналд Трамп да се користат како инспирација за
обликот на таблетите екстази. Германија во 2017 година заплени околу 5.000
таблети екстази со боја на морков во облик на главата на американскиот
претседател, за коишто се веруваше дека се промовирале на интернет под слоганот
„Трамп повторно ги прави забавите големи“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола: Граѓани и здруженија му оддадоа почит на војводата Александар Турунџев

Следно

Општина Битола: 63 натпреварувачи од шест држави на 14-тото издание на „Pelister Downhill Cup“

Latest from Blog

Се шират шпекулации дека Ким Џонг Ун е мртов. Северна Кореја објави нови негови фотографии.

На фотографиите се гледа како Ким разгледува детски обувки и женска облека. Оваа објава доаѓа во време на шпекулации за здравствената состојба на 42-годишниот лидер и за можна криза околу наследувањето на

Николоски: Новиот оператор „4iG“ ќе користи сателити на Илон Маск за мобилно поврзување

Новиот мобилен оператор „Оне Македонија“, дел од унгарската групација „4иГ“, планира да ја користи сателитската мрежа Starlink на компанијата „Спејсекс“. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју

ЗК Пелагонија ја гради иднината на домашното млекопроизводство: Знаење, технологија и посветен тим

Земјоделскиот Kомбинат Пелагонија е водечка компанија во рамките на агробизнисот во државата и најголемиот производител на храна во земјава. Располага со 16 000 хектари земјоделско земјиште, а во склоп на комбинатот се

Реал блеска без Винисиус, Диоманде ќе го седне на клупа Бразилецот

Винисиус би можел да се соочи со сериозен проблем во Реал Мадрид. Бразилецот ја одработи првата од четирите средби суспензија против Севиља, а од трибините гледаше како неговите соиграчи убедливо победуваат и
Go toTop