Сметководителите порачаа „нема потпис, нема мир“ – на протестот ги изненади министерката Кочоска

February 20, 2025
1 min read

„Да го разбудиме министерството….

„Нема потпис, нема мир“ – порачаа професионалните сметководители на денешниот протест пред Министерството за финансии. Побараа итна средба со министерката за финансии. 

„Фелата смрди на неприродното влијание и профитот на консалтинг куќите. На чело на советот кој треба да врши надзор над ИСОС и на чело на најактивните комори на сметководители седат лица блиски до интересите на консалтинг куќите на кои законот им овозможи да ни вршат задолжителни обуки. Тоа значи дека консалтинг куќите имаат потполна контрола на сметководствената фела од која остваруваат економски интерес“, вели Сашо Цветановски.

Порачаа дека на околу 3.000 сметководители им е одземено правото на потпис на годишните сметки и стопанството е ставено во опасност од последиците од непредавањето на сметките.

На протестот се појави министерката Димитриеска-Кочовска (07.52- 7,59)

„Вие сте имале закон кој што не се почитувал до 2024 и сега јас барам решение бидејќи разбирам што значи тоа 12 месеци да евидентирате документација за некого и на крај да ви кажат не може да ја потпишете. Невозможно е некој… Нема квалитет на финансиските извештаи. Така е се согласувам. И од таа причина законот е во Собрание“, вели Гордана Димитриеска Кочоска. 

Министерката рече дека овие се проблеми наталожени од пред две години и ако има пропусти и во ова законско решение преку разговор ќе се исправат.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пазарниот инспекторат на терен, глобите за непочитување на одлуките за основните прехранбени производи од 500 до 10.000 евра

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на „како до сега“, на светскиот ден на социјална правда владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на мерки и проекти за благосостојба и достоинствен живот на граѓаните

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop