Смени на амбасадори и претставници на ЕУ во Западен Балкан

April 15, 2024
1 min read

Досегашниот амбасадор на Европската Унија во Мексико, грчкиот дипломат Рокас Михалис ќе биде новиот амбасадор на ЕУ во Северна Македонија. Тој ќе го замени актуелниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир.

Генералниот секретар на Службата за надворешни работи на Европската унија (ЕУ), Стефано Санино, им го испрати на земјите-членки списокот на амбасадори и специјални претставници назначени од шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.

На списокот во кој Радио Слободна Европа имаше увид може да се забележи дека е направена значајна промена во дипломатскиот кадар поврзан со земјите од Западен Балкан.

Се очекува Службата за надворешни работи на ЕУ наскоро да ја објави оваа листа.

Во рамките на ротацијата на дипломатските позиции на ЕУ, олеснувачот за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, Борел го назначи за амбасадор на Европската Унија во Швајцарија.

На оваа листа не се наоѓа името на наследникот на Лајчак во улогата на специјален пратеник на ЕУ за дијалогот Косово-Србија. Се очекува Службата за надворешни работи на ЕУ во соработка со земјите членки да донесе одлука подоцна, по можност во текот на летото.

Мандатот на шефот на Канцеларијата на ЕУ во Косово, кој е и специјален претставник на ЕУ за Косово, Томас Сононг, ќе заврши. На негово место, Канцеларијата на ЕУ во Приштина ќе ја води актуелниот амбасадор на Естонија во ЕУ, Аиво Орав.

Идниот шеф на Канцеларијата на ЕУ во Косово има искуство во балканскиот регион, а претходно беше шеф на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија и шеф на делегацијата на ЕУ во Црна Гора.

Во рамките на оваа ротација, италијанскиот дипломат Луиџи Сорека е именуван за шеф на Делегацијата на ЕУ во Сараево, што е покрај Косово, повисока функција од амбасадорите во другите земји од регионот, бидејќи има статус на специјален претставник на ЕУ.

За време на неговата дипломатска кариера, Сорека беше амбасадор на ЕУ во Албанија.

Актуелниот евроамбасадор во Сараево, Јохан Сатлер, останува во регионот, бидејќи Борел го назначи за амбасадор на ЕУ во Црна Гора.

Меѓу функционерите кои беа на функции поврзани со Западен Балкан е и онаа на Анџелина Ајхорст, како генерален директор за Европа во Службата за надворешни работи на ЕУ.

Таа претходно беше заменик генерален директор и нејзината канцеларија беше ангажирана во дијалогот меѓу Косово и Србија, пред Лајчак да биде назначен за специјален пратеник за дијалогот. Анџелина Ајхорст сега е назначена за амбасадор на ЕУ во Египет.

Од списокот на именуваните од Борел може да се види дека огромно мнозинство се или дипломати на земјите-членки или службеници на Службата за надворешни работи на ЕУ.

Иако надворешната политика сè уште е национална одговорност на земјите-членки, ЕУ има заедничка надворешна и безбедносна политика и прилично голема дипломатска служба ширум светот.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штрајк на специјализантите – од Владата бараат писмени гаранции

Следно

„Шел“ официјално потврди дека нема гас и нафта на планината Шпираг во Албанија

Latest from Blog

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат

Бетис му покажа на Хетафе кој е кој!

ФОТО: Real Betis Balompié/FB Одличен Бетис и убедлив триумф со 4:0 вечерва на свој терен против Хетафе во меч од 17.коло во Ла Лига. Бетис со оваа победа сега има 28 бода

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости
Go toTop