Службен весник на ЕУ: Бугарија и Романија влегуваат во Шенген по воздушен и воден пат на 31 март

January 4, 2024
1 min read

Во одлуката се наведува дека „од технички и оперативни причини, соодветно е прво да се отстранат контролите на внатрешните воздушни и поморски граници што е можно поскоро во 2024 година“

Одлуката на Советот на Европската Унија од 30 декември за прием на Бугарија и Романија во Шенген-зоната по воздушен и воден пат, од 31 март годинава, денеска е објавена во Службениот весник на ЕУ.

Со оваа постапка одлуката на Советот на ЕУ и официјално стапи во сила.

Во одлуката се наведува дека „од технички и оперативни причини, соодветно е прво да се отстранат контролите на внатрешните воздушни и поморски граници што е можно поскоро во 2024 година“. Во одлуката се наведува и дека „овие проверки треба да се отстранат до најраниот можен датум што одговара на сезонската промена во распоредот на ИАТА (Меѓународна асоцијација за воздушен транспорт)“.

Во членот 1 од усвоената одлука се вели дека „од 31 март 2024 година ќе се укинат проверките на лицата на внатрешните воздушни и поморски граници со и меѓу Бугарија и Романија и ќе се применуваат одредбите од шенгенското право наведени во Анексот за Бугарија и за Романија и меѓу себе и во нивните односи со Кралството Белгија, Чешката Република, Кралството Данска, Сојузна Република Германија, Република Естонија, Република Грција, Кралството Шпанија, Француската Република, Република Хрватска, Италијанската Република, Република Латвија, Република Литванија, Големото Војводство Луксембург, Унгарија, Малта, Кралството Холандија, Република Австрија, Република Полска, Португалската Република, Република Словенија, Република Словачка, Република Финска и Кралството Шведска, како и со Исланд, Кнежеството Лихтенштајн, Кралството Норвешка и Швајцарската Конфедерација“.

Со цел да обезбеди влез во Шенген-зоната, Бугарија неодамна го укина данокот за транзит на руски гас преку нејзина територија, откако Унгарија се закани дека ќе стави вето на обидот на Софија да влезе во зоната за слободно патување Шенген.

Софија долги години бара да се приклучи на Шенген-зоната, но за одлуката е потребно одобрение од сите членки на ЕУ. Холандија и Австрија не сакаа да ја прифатат Бугарија наведувајќи ги нејзините проблеми со владеењето на правото и граничната контрола.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Центар со прехрамбени производи за 40 социјално загрозени семејства

Следно

Велјановски: Со насилство и талатизација во советот на Општина Карпош, со Левица како главен играч, се донесе буџетот на општината, среќна нова 1949

Latest from Blog

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени,

Храна која го олеснува живеењето ВО УСЛОВИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Во текот на зимските месеци, жителите на урбаните средини многу често се изложени на зголемени концентрации на загадувачки материи во воздухот, што неповолно влијае првенствено врз респираторните и кардиоваскуларните функции. Покрај стандардните

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин
Go toTop