Словенија воведува задолжителен божиќен бонус за сите вработени, еве која е сумата

October 16, 2025
1 min read

Заменик претседателот на Владата на Словенија, Матеј Арчон објави дека исплатата на божиќен бонус на сите вработени, и во јавниот и во приватниот сектор, ќе стане задолжителна не само оваа година, туку и во сите идни години. Според предлогот, износот на божиќниот бонус ќе изнесува половина од бруто минималната плата, што значи дека работниците ќе добиваат бонус од 639 евра оваа година. Овој износ ќе биде неоданочлив и ослободен од придонеси за работодавачите, пишува 
РТВ СЛО.


„Компаниите кои имаат проблеми со ликвидноста ќе имаат можност да го исплатат овој зимски бонус со задоцнување, најдоцна до 31 март 2026 година“, рече Арчон, објаснувајќи дека исплатата на надоместокот за одмор е веќе регулирана на сличен начин. За да се избегнат проблеми со бизнисот, владата предвиде и посебен исклучок за оваа година.

„Оние компании кои нема да можат да вршат плаќања и имаат проблеми со ликвидноста, ќе можат да исплатат само една осмина од минималната плата оваа година, која моментално изнесува 160 евра“, рече Арчон, истакнувајќи дека во тој случај на компанијата нема да ѝ биде дозволено да исплаќа дивиденди или бонуси на менаџментот.


Работодавците ја гледаат можноста за исплата на намален божиќен бонус како „одраз на добра волја“, но бараат понатамошно приближување на ставовите и утре ќе се сретнат со премиерот Роберт Голоб.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изет Меџити: Не се натпреварувам со Османи, туку со Али Ахмети од Зајас

Следно

Пикфорд на голот на Евертон уште четири години

Latest from Blog

Итна седница на НКТ: По згаснатите животи на Ивана и Катја ќе се менуваат неколку закони

Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство со кое претседаваше заменик министерот за социјална политика, демографија и

Берзата со промет од 26,5 милиони денари – раст кај Универзална инвестициона банка, пад кај Гранит

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 10 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,18% и заврши на 9.886,57

Коњановски: Битола никогаш нема да ги заборави своите сограѓани Евреи

Со неколку настани, денес во Битола се одржа комеморативно одбележување на 83 годишнината од депортацијата на битолските Евреи, во организација на Еврејската заедница на Република Македонија, со поддршка на општина Битола. Градоначалникот
Go toTop