Словенија се соочува со најтешката природна катастрофа во поновата историја, изјави премиерот Голоб

August 5, 2023
2 mins read

Првичните проценки на висината на предизвиканите штети се дека таа ќе надмине половина милијарда евра, изјави словенечкиот премиер по денешниот состанок на државниот врв. Тој посочи дека две третини од територијата на Словенија се погодени од поплавите, а напорите повторно да се овозможи нормален живот ќе бидат големи

Словенија се справува со последиците од силното невреме кое ја погоди земјата ноќта меѓу четвртокот и петокот. Ситуацијата со невремето и поплавите кои што ги предизвика словенечкиот премиер Роберт Голоб ја оцени како „најтешката природна катастрофа во поновата историја“ на земјата.  

Апокалиптичните снимки од поплавите во Словенија / Фото: Н1

Обилни врнежи, како што пренесуваат медиумите имало и ноќеска во словенечките покраини Горењска и Корушка, кои предизвикале нови поплави во тие области. Водостоите на југот на Словенија, кои на места се излеаја, се во пораст, а многу патишта се сè уште затворени.  

„Словенија се соочува со најтешката природна катастрофа во поновата историја. Штетата ќе надмине 500 милиони евра, изјави словенечкиот премиер по денешниот состанок на државниот врв“, изјави словенечкиот премиер

пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.  

Тој посочи дека две третини од територијата на Словенија се погодени од поплавите, а напорите повторно да се овозможи нормален живот ќе бидат големи.  

Говорејќи за првата проценка на штетите, која е над половина милијарда евра, словенечкиот премиер најавил дека веќе се подготвуваат законски измени за справување со ситуацијата.  

Словенечкиот премиер, Роберт Голоб / Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Во поплавите што ги предизвика невремето во Словенија, оштетени се главно патната и енергетската инфраструкра, како и стотици станбени згради. 

Според податоците на словенечката агенција за животна средина, од денеска се очекува врнежите во земјата постелено да се намалуваат. 

Сепак, областа Чрна во Корушка сè уште е отсечена од светот бидејќи многу мостови и патишта се оштетени, струјата и водата се исклучени, а не функционираат ниту телефонските врски. За помош на населението во областа и понатаму се ангажирани војската и пожарникарите. Најголем приориотет е испораката на цистерни со вода за пиење, бидејќи водоснабдителниот систем во областа е целосно оштетен, ги пренесува Индекс информациите на хрватските и словенечките агенции.  

Невремето во Словенија однесе и три човечки животи. Како што соопштија вчера словенечките власти, а пренесе агенцијата СТА (СТА), во поплавите загина еден словенечки државјанин во Камник, а двајца холандски државјани настрадаа во планините кај Крањ. 

Невремето од Словенија продолжи да се движи кон исток и вчера вечерта пристигна во Хрватска, поради што во Риека и Госпиќ беше вклучен црвен, додека за Загреб, Карловац и Сплит портокалов метео аларм.  

Дел од медиумите вчера јавија дека поради обилните врнежи, реката Сава се излеала од коритото во Загреб. Врнежите започнале околу 14 часот, по што се смириле, но водостојот на реката се зголемил, поради што дошло до поплавите. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новиот Бог- климатските промени

Следно

Барселона повеќе не смета на Дест

Latest from Blog

Лејла Кадриу: Ако вистината е навреда, тоа е нивен проблем

Поранешната обвинителка во Специјалното јавно обвинителство, Лејла Кадриу, изјави дека не гледа основ за извинување во врска со нејзините јавни настапи, нагласувајќи дека изнела факти на хронолошки и професионален начин. „Не гледам

Рјабков не исклучи нова воена операција на САД против Иран

„Ситуацијата на Блискиот Исток изгледа алармантно, Американците повторно преместија огромен број ударни системи таму, ден по ден го зголемуваат притисокот, се закануваат со употреба на сила и продолжуваат со обидите за дестабилизација

Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор. На

Божиновска оствари низа средби со претставници од Шведска, Холандија и Marmara Group со фокус на зелена транзиција и инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари серија значајни средби со меѓународни партнери – претставници на Шведска, Холандија и Marmara Group, со цел унапредување на соработката во областа на
Go toTop