Словенија подобра од Македонија во третото коло од квалификациите за ЕП 2026

March 12, 2025
1 min read

Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз од 26:32 од Словенија во третото коло од квалификациите за Европското првенство 2026.

Македонците имаа одличен старт на натпреварот и ја завршија првата половина со предност, но во вториот дел ситуацијата на теренот се промени, а Словенија ја презеде контролата на играта.

Еден од најдобрите поединци за Словенија беше резервниот голман Базник, кој забележа 14 одбрани, додека најдобар стрелец кај Македонија беше капитенот Кузмановски со 10 погодоци. Најефикасен кај Словенците беше Влах со 10 голови.

Во недела ќе се одигра вториот дуел меѓу овие две репрезентации во Копер, кога Македонија ќе се обиде да го поправи впечатокот и да ги одржи шансите за пласман на ЕП 2026.

„Можеби немаме доволно квалитет и ротација за да играме против квалитетна селекција како Словенија. При наше водство од четири гола во првото полувреме имаше неколку чудни судиски одлуки. Ние сме млада екипа и секако дека таквиот критериум на судење имаше влијание. Не сакам никако да обвинувам за тоа. Не успеавме да се вратиме во второто полувреме. Во првите дваесет минути покажавме дека имаме квалитет и тоа треба да ни служи како пример и да продолжиме така. А во останатите 40 минути да видиме каде грешевме ние самите и да го поправиме тоа во иднина. Игравме против ракометари од светска класа кои играат во врвни клубови и имаат трофеи во ЛШ, како и полуфинале на ЛОИ. Словенија не е ослабена, напротив главните играчи беа тука и беше тешко да се игра против нив“ изјави голманот Никола Митревски по натпреварот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Прекинот на огнот во Украина сега зависи од Русија откако Киев го прифати предлогот

Следно

Пепељугоски: Министерот за економија нема причина да зборува за Комисијата за заштита на конкуренција, ете го влијанието!

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,
Go toTop