„Слободата на светот е нецелосна без слободата на палестинскиот народ“

October 6, 2024
2 mins read

СКОПЈЕ (АА)

– Џихат АЛИЈУ

Јусеф Ахлелу, палестински новинар и политички аналитичар кој живее во Англија, рече дека колегите од новинарската фела во неговата земја се „глас на безгласните“ и дека слободата на светот е нецелосна без слободата на палестинскиот народ, пишува Анадолу.

Алхелу, кој присуствуваше во Скопје во рамките на настанот на кој учествуваше, во изјавата за дописникот на АА во врска со геноцидот извршен од страна на Израел во Појасот Газа рече: „Палестинските новинари се глас на безгласните.“

Алхелу рече дека западните медиуми генерално се произраелски и еднострани и затоа од големо значење е да ги покриваат случувањата поврзани со Палестинците и истакна дека геноцидот во Газа не започнал пред една година, туку дека 76 години тие се подложени на угнетување.

Нагласувајќи дека за нив е морална обврска да се обидат светот да го известат за тоа што се случува, Алхелу рече:

„Изгубивме многу наши колеги. Израел се обиде да ги цензурира изјавите на Палестинците, воведе ограничувања и забрана за емитување на медиумите. Од таа причина го спречи влезот на странските новинари во Газа.“

Алхелу нагласи дека Израел ја претворил Газа во најголем концентрационен и истребувачки логор во светот, каде што врши секакви масакри и додаде дека видел оти луѓето во Скопје се загрижени за страдањата на Палестинците во Газа.

– „Имав среќа да ја видам Газа пред да биде уништена“

Посочувајќи дека прашањето не е политичко, туку чисто хуманитарно, Алхелу рече дека Израел убивал и палестински христијани и со земја срамнил цркви, џамии, универзитети, пекарници и болници.

Потсетувајќи дека е роден во Газа и дека со тага во душата морал да ја напушти родната земја, Алхелу рече:

„Се школував во училиштата на Обединетите нации (ОН). Ги изгубив моите најблиски, сестра ми, внуците, братучедите. Тотално уништување. Бев последниот новинар што известуваше за убавините на Газа. Симболични градби, туристички атракции и историски локалитети. За жал, дојдов до крајот на мојот документарен филм за Газа, која е уништена засекогаш.“

„Минатиот декември израелски борбен авион Ф-16 ја бомбардираше куќата на сестра ми и во нападот беа убиени таа и нејзините шест деца. Тие сѐ уште се под урнатините. Имав среќа да ги посетам минатото лето и да ја видам Газа пред да биде уништена“, рече Алхелу.

Истакнувајќи дека Израел убива цивили и ги легитимира своите напади, Алхелу продолжи со зборовите:

„Израел не се грижи за заложниците. Израел сака етнички да го исчисти населението на Газа. Не му се допаѓа демографијата на Газа. Во Газа живеат 2,5 милиони луѓе. Израел е незадоволен од определбата на Палестинците бидејќи ние не одиме никаде. Луѓето имаат право сами да си ја одредат судбината и се борат за својата слобода. Овие жртви не треба да одат залудно. Уверени сме дека Израел не ќе може да му даде сјај на својот нарушен имиџ бидејќи засекогаш ќе биде познат како земја што користела лаги и фалсификати за да оправда геноцид.“

– „Историјата нема да ви покаже милост“

Алхелу во разговорот за АА, зборувајќи дека сака да пренесе порака по повод годишнината од геноцидот, го рече следново:

„Мојата порака е: Нѐ разочаравте! Знаеме дека можете да го запрете геноцидот и да извршите притисок врз Израел за прекин на огнот, но вие сте лицемерни и имате двојни стандарди.“

Истакнувајќи оти е познато дека Израел се прикажува како жртва, Алхелу рече:

„Ние сме жртвите. Гледате како нè масакрираат од ден на ден, но историјата нема да покаже милост кон вас.“

Пренесувајќи ги својата почит и респект кон народите во светот што продолжуваат да протестираат во знак на поддршка за Палестина, Алхелу додаде:

„Слободата на светот е нецелосна без слободата на палестинскиот народ.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши Скопски маратон, министерот Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните

Следно

Едно лице повредено во Чаир, во него пукано од возило

Latest from Blog

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за
Go toTop