Скопскиот градски превоз ги тормози возачите и патниците, решение нема

July 23, 2024
4 mins read

Ова претпријатие треба да престане да постои, вели возач на автобус на ЈСП, додека бара да најде клупа под сенка на последната постојка на автобусот со број 50, во скопската населба Маџари.

Уште не е ни осум изутрина, а температурата на воздухот надмина 35 целзиусови степени. Пешкирот на врат натопен со вода не го спасува од жештината. Автобусот е од двокатен, од поновите, но ладење нема. Сите прозорци се отворени. Преку нив влегува само топол воздух.

„Клима има, ама не работи. Нема кој да ја поправи, неколку мајстори останаа, а редица автобуси чекаат за поправка на климите. Јас имам 62 години, ќе издржам уште малку до пензија, ама ви кажувам, одиме кон пропаст. Младите не работат во вакви услови, а другите, дури и од моја генерација, отидоа да возат германски и српски автобуси“, вели нашиот соговорник.

Револтирани се и патниците. Принудени се на екстремно топли временски услови, „наоружани“ со шешири, чадори за сонце, шишиња вода, да чекаат автобус и по еден час на одредени линии. Доцнат на работа, не стигнуваат на лекар, им се нарушува дневната рутина..

„Вака веќе не се издржува. Клима нема, термините за возниот ред не важат, не знаеш кога има, кога нема автобус. Наместо да дојдат три возила во одреден термин, доаѓа еден, и тој полн. Со месеци нѐ тормозат, а од нас плата земаат“, вели патничката Стојанка М.

Била сведок кога пред десетина дена, му се слошило на патник во преполн автобус. Откако присутните го полеале со ладна вода и не успеале да го освестат, возачот бил принуден да застане кај Триумфална капија и чекале да дојде Брза помош.

Од Итната медицинска помош за РСЕ потврдија дека во последните две недели, особено кога беше прогласена портокалова фаза (од 12 до 18 јули) имале 11 интервенции во автобуси или на постојки. Но сметаат дека бројката е поголема, затоа што имало и помлади граѓани кои пријавиле колапс или повреда, но можеле да се движат и сами да отидат до лекар, па од итна помош им давале само совети.

Покрај тоа, тука е проблемот со приватните превозници кои возат редуцирано. Тие тврдат дека Град Скопје им должи пари, што Градот го демантираше.

Нема пари или нема политичка волја?

Нема на повидок решение за хаосот во јавниот градски сообраќај – додека возачите се жалат на лоши услови за работа и патници паѓаат во несвест, во Советот на Град Скопје не може да се изгласа проектот за купување на нови еко – автобуси на актуелната градоначалничка Данела Арсовка, ниту да продолжи броектот за брз автобуски превоз (БРТ) на нејзиниот претходник Петре Шилегов.

Поради тоа, не може да се каже дека во брзо време, патниците и возачите ќе добијат повеќе и подобри автобуси.

Арсовска стана градоначалничка со поддршка од сега владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија има има мнозинство во Советот на Град Скопје. Откако им се разидоа патиштата уште во првата година од мандатот на Арсовска поради несогласување за пречистителната станица, сега меѓусебно се обвинуваат кој ги кочи проектите за јавниот превоз во главниот град.

Во Советот имаше двоцифрен број неуспешни обиди да се изгласа набавка на нови еко – автобуси. Трајко Славевски, претседател на Советот (ВМРО-ДПМНЕ) тврди дека во градскиот буџет нема пари за набавка на нови автобуси.

„Три-четири месеци пред завршувањето на 2023 година, Арсовска имаше изјава во медиумите по 16-17-тиот неуспешен обид за изгласување на одлука за задолжување за набавка на еко автобуси. Таа изјави дека во Буџетот за 2024 година ќе бидат определени средства за набавка на еко автобуси. Моето објаснување се заснова на тоа тврдење и затоа што немаше таков предлог во Буџетот за 2024 година останавме повторно на тие предлози. Прашањето е дали има средства во буџетот за таа намена затоа што вчера имавме комисија за ребалансот на буџетот и не беше известено дека има во ребалансот некоја промена која оди кон одвојување на средства за набавка на автобуси”, рече Славески на 16 јули.

Од Град Скопје не одговорија на прашањата на РСЕ, како градоначалничката Арсовска ја оценува функционалноста на јавниот превоз во Скопје и што ќе направи за истиот да се нормализира.

Советот на Град Скопје има 45 членови. Од нив, 16 се од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, кои се најбројни, па следуваат 11-те советници од коалицијата на СДСМ.

Советниците од СДСМ неколку пати рекоа дека ВМРО-ДПМНЕ не ги гласа ни сопствените проекти со кои победи на локалните избори во 2021 година.

Четири директори се сменија, проблемите останаа

Откако управува со главниот град од октомври 2021 година, Арсовска смени четири директори на ЈСП, но скопјани не добија подобар градски превоз.

Актуелниот директор на ЈСП, Драги Кушовски, само што седна на раководното место, се соочи со две непријатни ситуации: на 8 јули, двокатен автобус се качи на жардињера на прометниот булевар кај трговскиот центар „Мавровка“.

Возачот на овој автобус сведочеше дека забележал оти автобусот не е исправен.

„Јас ќе пријавам дефект, а утредента истиот автобус го земаме со потпис и печат дека е сервисиран“, вознемирено кажуваше возачот пред камерите.

Во овој случај беа повредени три патнички.

Неполни две недели подоцна, на 20 јули, автобус на ЈСП се запали кај Железничката станица во Скопје. Пожарот избил во задниот дел кај моторот.

Кушовски на минатонеделната седница на Советот на Град Скопје кажа дека ЈСП нема доволно автобуси за да го пополни летниот ред за возење. Според податоците што ги кажа, во моментот има околу 200 активни автобуси, 27 од нив без климатизација.

„Реалната состојба е таква каква што е, нема што да криеме. Возниот парк, по набавката на кинеските автобуси „јутонг“ броел околу 350 автобуси, Летниот и зимскиот возен ред биле прилагодени на таа бројка автобуси. Во моментов во сообраќај се од 190-200 возила и со нив не можеме да го опслужиме ни летниот возен ред, што знаеме дека е скратен возен ред. Од септември кога треба да стартува зимскиот возен ред ситуацијата ќе биде уште потешка. Од денешен аспект и ниеден автобус да не ни се расипе ќе имаме недостаток од 100 автобуси. Во моментов имаме недостиг од 40 до 50 автобуси – рече Кушовски.

Тој тврди дека автобусите што возат по улиците се технички исправни. Неколку биле исклучени од сообраќај, но „не за суштински неисправни работи како систем за кочење, волан или било што“. Рече и дека сервисот на автобусите е отежнат поради недостиг на делови. Одредени делови доаѓале од Кина, но ЈСП има долгови кон добавувачите, кои сега ја откажуваат соработката.

За плати во ЈСП определени субвенции од 11 милиони евра

На прашањето зошто претпријатието е во ваква состојба кога добива големи субвенции, Кушовски одговори дека се зголемени трошоците за превоз, а цената и натаму е иста.

За исправноста на автобусите интерес покажа и Јавното обвинителство. Од таму соопштија дека отвориле предмет за несреќата кај „Мавровка“.

„Надлежниот јавен обвинител ќе ги испита и наводите што се изнесени преку јавно искажани изјави од учесници во настанот и од други лица со кои се укажува на незаконитости во работењето на ЈСП Скопје во поглед на исправноста и одржувањето на автобусот со кој се случи незгодата. За таа цел е ангажирано вешто лице од областа на машинството и издадена е наредба за преземање мерки до МВР – Биро за јавна безбедност да обезбеди податоци и документација од ЈСП Скопје“, соопштија од Обвинителството.

Од почетокот на 2024 година, возачите на ЈСП штрајкуваа поради неисплатени плати. Проблемот се решаваше со субвенции.

Град Скопје определи 11 милиони евра субвенции за плати на вработените во ЈСП до крајот на 2024 година. Славевски во интервју за РСЕ рече дека е сигурен оти ЈСП за време на летото или наесен ќе побара дополнителни средства.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ќе смее ли Камала да ги пипне милионите на Бајден?

Следно

Земјите од ЕМЕА учествуваат со 39 отсто во продажбата на „Адидас“, кој од рекламната кампања ја исфрли Бела Хадид

Latest from Blog

„Храбар и решителен“, Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува за својот приватен и професионален живот, ставајќи

Зоран Заев е единствениот политичар од Балкан што Меркел го споменува во нејзините мемоари

„На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’, објави Михаел Мартенс, прославениот новинар на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Македонија ги промовира своите позиции – уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на

Нетанјаху ќе го достави договорот за прекин на огнот со Либан на одобрување пред кабинетот за безбедност

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетатајаху изјави дека до кабинетот ќе го претстави нацрт-договорот за прекин на огнот со Либан, известува Анадолу. Нетанјаху објави видео-порака во која истакна дека времетраењето на

Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија
Go toTop