Скопје Прајд 2025 повика: Ние сме тука, не сме статистика, туку политички чин

June 22, 2025
1 min read

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“. Со овие зборови започна говорот на активистката на отворањето на шестата по ред Парада на гордоста во Скопје, што се одржа на 21 јуни 2025. Насобраниот народ, квир и неквир заедно, ја исполнија локацијата пред паркот „Жена-борец“, со јасна порака: „Ќе (оп)стоиме заедно!“ – не само како преживување, туку како чин на пркос и одлучност.

„Ние не нудиме бегство од реалноста. Ние нудиме алтернатива. Нашиот отпор не е хаос – тоа е јасен и артикулиран предлог за свет без експлоатација, без страв, без контрола.“

Говорот остро ја критикуваше системската дискриминација и молкот на институциите – особено во образованието, каде ЛГБТИК+ младите сè почесто се бришат од програмите и јавниот дискурс.

„Ова не е заборав. Ова е свесна цензура. Министерството за образование не е само пасивен набљудувач – тоа активно го избриша нашето постоење од училишните клупи. Премиерот го промовира системот на идеолошка индоктринација во кој не постои простор за критичко мислење, родова еднаквост и различност. Тоа не е грижа за децата, туку грижа за одржување на еден поредок кој нè исклучува.“

Меѓу најгласните аплаузи од публиката се издвои моментот кога беше истакнато долгогодишното одолговлекување на законот за правно признавање на родот – закон кој и покрај иницијативата поднесена од седум пратенички, веќе две години е заглавен без расправа, без одговорност, без напредок.

„Ова не е бирократски пропуст. Ова е државна одлука. Ова е свесна одлука да се продолжи насилството врз транс луѓето – да се принудат да живеат без правна потврда на својот идентитет. Тоа е системска тортура, не административна грешка.“

Во момент на колективна тишина, активистката ја заврши својата порака со зборови кои ќе останат долго запаметени:

„Кога државата повикува на повеќе деца, повикува на повеќе покорни тела. Ние не сме покорни. Ние сме тука – не како статистика, туку како политички чин. Не како закана, туку како алтернатива. Не бараме дозвола да постоиме – ние веќе постоиме. И не само што ќе опстоиме – туку ќе опстоиме заедно.“

Парада на гордост во Скопје, 21.06.2025. Фото: Мета.мк.

Додека чекореа по скопските улици, учесниците скандираа „постоиме!“ и „ќе опстоиме!“. Тие извикуваа и пароли како „смрт на фашизмот“,  „правда за Кочани“ и „Жени, живот, слобода!“. Исто така можеше да се слушнат и скандирања за поддршка на Палестина, додека десетина учесници вееја и палестински знамиња.

Извори: Трн.мк и Мета.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Белата куќа објави фотографии од Советот за национална безбедност за време на операцијата во Иран!

Следно

ЗАДОВОЛНА СУМ ШТО НАПРАВИВ ВО ОВИЕ 25 ГОДИНИ, ИНАКУ СИТЕ ЖРТВИ БИ БИЛЕ ЗАЛУДНИ, ВЕЛИ ПРИМАБАЛЕРИНАТА МАРИЈА КИЧЕВСКА-ШОКАРОВСКА ПРЕД ПРЕМИЕРАТА НА „ГОСПОЃА БОВАРИ“

Latest from Blog

Активни пожарите кај Никуштач и селата Варвара и Драчевица, под контрола на Вардариште и близу Русиново

До 20:00 часот, вечерва, на територијата на државата има вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои активни се два пожари, и исто толку се оод контрола, а изгаснати се 27 пожари.

Масар Омерагиќ: Битола доби модерен стадион достоен за македонската репрезентација

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека за рекордно краток период стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е претворен во модерен спортски објект, достоен за националната репрезентација. „Кога зборовите стануваат
Go toTop