Скопје конечно со почист воздух, но алармот за загадувањето останува

January 11, 2025
1 min read

Скопје утрово го дочека првиот ден со понизок степен на загаденост на воздухот по неколку денови критична ситуација. Ветерот што започна доцна синоќа во скопската котлина и најавениот дожд и снег го прочистија воздухот, овозможувајќи граѓаните да дишат без страв. Според швајцарската платформа за мерење на квалитетот на воздухот, индексот на загадување денеска е 53, што го рангира Скопје на 77. место на светската листа на загадени градови, со присуство на 10 микрограми на метар кубен ПМ2.5 и 12,8 микрограми ПМ10 честички.

„За споредба, Владата на СДСМ и локалната власт предводена од преземаше низа на мерки во борба против загадувањето на воздухот и тие мерки придонесоа за намалување на концентрациите на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот на годишно ниво“, вели Каја Шукова.

Шукова жестоко ја критикуваше власта, обвинувајќи ја за неисполнување на ветувањата за инвестиции од 1 милијарда евра во намалување на загадувањето.

„Од кредитот од Унгарија, вреден 250 милиони евра власта не намени ниту едно евро за да го намалат загадувањето на воздухот“, порача Каја Шукова.

СДСМ предложи сет на мерки насочени кон локалните власти: субвенции за еколошки системи за затоплување, набавка на прочистувачи за воздух во училишта и градинки, интензивно зазеленување на јавните површини и редовно чистење на депониите.

„Со голема сериозност ги разгледавме предлозите на СДС за аерозагадувањето прашувајќи се зошто, ако воопшто знаеле, како треба до пред 6 месеци со прст не мрднаа за да го решат ова горливо прашање. Но, сфатиме за што се работи.  И така читаме да видиме дали има нешто зрело и дали се промениле во СДС, иако има поговорка кај нас дека волкот ја менува кожата но наравот никогаш, кога има што да видиме. Не само што не се промениле, туку тие продолжуваат да тонат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Организацијата УНИЦЕФ предупредува дека загадувањето на воздухот е една од најголемите закани по здравјето на децата во Северна Македонија. Според нив, 11,6% од сите смртни случаи кај доенчињата се должат на загадениот воздух, а ризиците се најголеми во зимските месеци, особено во градовите како Тетово, Битола и Кавадарци. 

„Загадувањето на воздухот ги прави децата ранливи на инфекции, ги попречува нивниот когнитивен развој и го загрозува нивното целокупно здравје“, велат од УНИЦЕФ.

Иако денешното прочистување на воздухот е добредојдено, експертите и јавноста остануваат загрижени.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗЕМАВ ЧАСОВИ ЗА ОРО, ОТИ САКАМ ДА ГИ УЧАМ МЛАДИТЕ ГЕНЕРАЦИИ, ВЕЛИ ФРАНЦУСКО-МАКЕДОНСКАТА БАЛЕРИНА РОКСАН СТОЈАНОВ, ПРОГЛАСЕНА ЗА ЅВЕЗДА НА ПАРИСКАТА ОПЕРА

Следно

ВЛЕН: ДУИ политички се распаѓа, повеќе не ја контролира ниту својата пратеничка група

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше
Go toTop