Скопје домаќин на конференција за паметно финансирање на стартапи

June 17, 2025
1 min read

Бизнис акцелераторот УКИМ, во соработка со The Learning Curve, организира конференцијата „Како стартапите да обезбедат паметно финансирање во 2025“, каде што над 100 учесници од стартап екосистемот ќе разменат искуства, идеи и стратегии за привлекување инвестиции.

На настанот што ќе се одржи во Инокс центарот за иновации ќе говорат истакнати претприемачи и експерти, вклучувајќи го Џонатан Кварлес, основач на The BTL Group, Весна Кузмановиќ, иноваторка во областа на design thinking, Франка Граждани, ко-основачка на ETH Macedonia, како и Александар Стамболиев, директор на Бизнис акцелераторот УКИМ. Нивните презентации ќе ги покријат клучните предизвици и можности во финансирањето стартапи, практични стратегии за привлекување инвестиции и трендовите што ќе го обликуваат екосистемот во претстојната година.

Покрај инспиративните говори, учесниците ќе имаат можност за вмрежување со инвеститори и деловни лидери, создавање нови партнерства и запознавање со актуелните механизми за финансиска поддршка.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешниот градоначалник на Паг уапсен во антикорупциска акција во Хрватска

Следно

Нов репер во компактната класа: Претставен целосно новиот Audi Q3

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,
Go toTop