Скопјани едвај дишат, а градоначалникот на Кисела Вода дели огревно дрво

December 19, 2024
1 min read

Скопје, кој утрово се најде на седмото место на листата на најзагадени градови во светот, со воздух кој се квалификува како „нездрав“, продолжува да се соочува со сериозни здравствени ризици.

Додека други европски градови преземаат конкретни мерки, во Скопје, освен високите нивоа на загаденост, нема препораки за граѓаните ниту конкретни мерки за борба против загадувањето.

Општина Кисела Вода, која исто така се соочува со овој проблем, започнува со исплата на субвенции за пелети, огревно дрво и печки на пелети, наменети за помош на жителите.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека овие субвенции се континуирана поддршка за граѓаните, посебно за ранливите категории, и претставуваат начин за подобрување на нивниот животен стандард, но што е со загадувањето. Субвенциите се одобрени за 297 домаќинства за набавка на пелети, 20 за печки на пелети и 249 за дрва за огрев.

Иако овој чекор на општината може да помогне во намалување на трошоците за греење, загрижувачки е што големиот степен на загадување продолжува да биде сериозен проблем. Субвенциите за пелети и дрва можеби се неопходни за жителите, но без значајни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, борбата против загадувањето ќе остане недовршена.

Скопје е на висока позиција по загадување, а пред него, од европските градови, се само Сараево. Останатите места ги делат Пакистан, Бангладеш, Индија, Сенегал и Техеран. Европската агенција за животна средина (ЕЕА) предупредува дека најмалку 239.000 смртни случаи годишно се последица на изложеноста на ситни честички во воздухот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрова: Има реални можности Управата за јавни приходи да биде поддршка, а не бариера на компаниите

Следно

Студентите може да останат без бесплатен превоз?! – ФИО предлага олеснување во плаќањето за јавниот транспорт

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop