СКАНДАЛОТ продолжува: Фудбалерката не сакала бакнеж, протестираат 56 колешки

August 26, 2023
1 min read

Луис Рубиалес, претседателот на шпанската фудбалска федерација на доделувањето на шампионската титула на Светското првенство ја бакна во уста играчката Џени Хермосо.

Ова предизвика лавина негативни коментари, а се појавија и нови информации за оваа ситуација.

Имено, Џени Хермосо потврдила дека не се согласила на бакнежот во уста со претседателот Рубиалес, а ѝ се придружија и 56 репрезентативки на Шпанија кои порачаа дека нема да играат додека не биде сменет од чело на федерацијата.

Шпанската влада покрена судска постапка за суспензија на претседателот на федерацијата, а ФИФА исто така покрена дисциплинска постапка.

Се очекуваше да поднесе оставка, но тој рече дека не ја заслужува истрагата и дека фудбалерката му дала согласност.

– Тоа беше спонтан бакнеж. Заемно, еуфорично, консензуално. Тоа е клучот., вели претседателотт, пренесе Скај Спортс.

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промовирана поезија на Адам Хоровиц и Алекси Берно од проектот „Версополис“

Следно

Сончево и топло, температурите до 38 степени

Latest from Blog

МИЛИЈАРДИ ЕВРА, АМА СО УСЛОВ: Ова го бара Брисел од Балканците

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со претставници на земјите од Западен Балкан за да разговараат за

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион  долари. Голем дел од опремата се

Општина Битола го става економското насилство врз жените во фокусот на „16 дена активизам“

Општина Битола се приклучува кон кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ и ја поддржува иницијативата на Обединетите нации за поголема јавна свест за економското насилство врз жените. Од Општината посочуваат
Go toTop