Скандал во Пустец: Бугарски лекари поставија знаме во државната амбуланта

September 27, 2025
1 min read

Бугарски лекари со бесплатни прегледи во Оштина Пустец си поставија бугарско знаме, од македонското и албанското ни траг. Иако акцијата има хуманитарна цел, дел од жителите на Пустец за медиумите изјавија дека поставувањето на бугарското знаме на работната маса во амбулантата изгледа како политичка порака и прикриена бугарска пропаганда.

Пустец е единствената општина во Албанија каде мнозинство е македонското население. Албанскиот закон за заштита на малцинствата ја гарантира службената употреба на македонскиот јазик, а Законот за знамиња предвидува дека при јавни настани задолжително мора да биде истакнато и албанското знаме заедно со знамето на малцинството. Локални жители посочуваат дека во амбулантата тоа не било испочитувано, бидејќи бил истакнато само бугарското знаме.

Пред зградата на општината редовно се вее македонското знаме, како што предвидуваат прописите, но жителите велат дека во случајот со денешните прегледи е испратена порака која го игнорира законскиот и културниот контекст на македонско национално малциство.

 

Неодамна со свој став излезе и албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши, кој при престојот во Пустец јасно кажа дека без разлика на одредени странски влијанија, во Преспа живеат Македонци!

Во Преспа живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една заедница што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори – рече Пелеши.

Со последните случувања во Пустец на уште еден начин се потврди дека намерата на официјална Софија е да провоцира и да чека некаква реакција од македонска страна, за да може потоа да ја обвинува Македонија за непријателство.

Извор: vesnik-ilinden

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Весна: Синот не сакаше да ги гледа моите порно снимки но, ДОЈДЕ ДА ПРАША КОЛКУ СМЕ ЗАРАБОТИЛЕ ОД ТОА

Следно

Божиновска: Време е жените да бидат препознаени како лидери во енергетскиот сектор

Latest from Blog

Израел уништи ирански бродови во Каспиското Море (ВИДЕО)

Војската, која исто така објави снимки од нападот, изјави дека според израелската војска, нападите уништиле иранска поморска корвета, четири ракетни чамци и неколку помошни бродови и стражарски чамци, заедно со команден центар

Ѓорѓиевски и Велковски по повод Рамазан Бајрам поделија пакети со прехранбени производи

Денес, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик министерот за социјална

Проданоски најави еко-акција за пошумување во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, го најави почетокот на нов проект за заштита на природата и создавање позелена животна средина. Со поддршка од Бирото за регионален развој, проектот „Пошумување на споменикот на
Go toTop