Скандал во Дубаи: Тенисер дисквалификуван поради навреда на судијата

March 1, 2024
1 min read

Рускиот тенисер Андреј Рубљев беше дисквалификуван на мечот со Александар Бублик, поради тоа што му се развика на линискиот судија, откако го загуби гемот во решавачкиот трет сет со резултат 6:7, 7:6, 6:5 за Казахстанецот.

Имено, пред решавачката размена во која го загуби натпреварот, топката на Александар Бублик го напушти теренот пред линиските, кои не ја прекинаа играта, за во продолжението на акцијата, Рубљев, малку декоцентриран, направи грешка и ја испрати топката во аут. Така Бублик го доби гемот и влезе во ситуација да сервира за финале.

Рубљев практично дотрча до судијата и почна да го пцуе на руски, што го разбрал судијата, кој потоа се пожалил на главниот судија и организаторите. А, епилогот беше дисквалификација. Рубљев се бранеше и рече дека зборувал на англиски и не навредувал никого, но тоа не му помогнало.

И покрај поддршката на Бублик, главниот судија не ја промени својата одлука, па носителот на четири АТП титули го заврши своето учество во Дубаи без пари и веќе освоени бодови, што практично значи дека од следната недела ќе испадне од Топ 5 листата.

Бублик на тој начин се пласираше во финалето на турнирот од серијата 500, кој се игра за награден фонд од 3 милиони долари, каде ќе го чека победникот од дуелот меѓу Медведев и Умбер. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НЕ ОТПУШТИВ ХОНОРАРЦИ ОД МКЦ, ТУКУ НЕ ИМ ГИ ПРОДОЛЖИВ ДОГОВОРИТЕ ПО ПРЕПОРАКА НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА, ВЕЛИ БЕНИ ШАЌИРИ

Следно

Ваков гардеробер посакува секоја жена: Најбогатата пејачка го покажа луксузот, за чевли потрошила десетици илјади евра

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop