Системот е следен: Нов протест на иницијативата „Кој е следен?“ во четврток пред Владата

April 8, 2025
1 min read

Иницијативата „Кој е следен?“ повикува на нов протест кој ќе се одржи овој четврток, 11 април, во 18:00 часот пред Владата на Република Северна Македонија. Протестот се организира под мотото „Системот заборава – но, ние не“, во континуитет на двомесечните активности кои ја адресираат, како што велат, „секојдневната неправда и институционалниот молк“.

„Системот заборава – но, ние не забораваме. Ние ја паметиме секоја колективна траума што политичарите ја користат за поделби. Секоја лага што ја шират за да нè исплашат, секоја неправда со која сакаат да нè замолчат.“

Тие истакнуваат дека нападите врз нивната иницијатива се доказ за силата на вистината што ја пренесуваат:
„Тоа што нѐ напаѓаат, значи дека нѐ слушаат и ни потврдуваат дека ја зборуваме вистината, а вистината ги вознемирува само оние што профитираат од нашето секојдневно страдање.“

Во изминатите два месеци, „Кој е следен?“ организираше четири протести, три форуми и едно Народно собрание. Сепак, според иницијативата, состојбата на теренот не се подобрила:
„Два месеци бараме промени, но ништо не се менува! По четири протести, несреќите се зголемија. По три форуми, неправдата порасна. По одржаното Народно Собрание, пратениците станаа уште потивки.“

Иницијативата порачува дека стануваат глас на сите понижени и обесправени:
„Во изминатите два месеци, ние покажавме дека сме гласот на сите што беа понижени, игнорирани и обесправени во овие 35 години.“

Повикот за протестот е отворен и наменет за секој што се чувствува обесправен:
„Затоа, ако си работник што гине на работно место без основни работни услови, мајка што не спие додека детето не се врати дома, младо лице што заминува затоа што нема за што да остане, студент што плаќа за „бесплатно“ образование, доктор што работи со скршена опрема, учител кој е оставен сам на себе, пензионер што одвај преживува, ако си граѓанин на кој системот му го одземал достоинството – ова е твојот повик.“

Нивната критика не застанува на општи пораки – насочени се кон институциите од кои очекуваат промени. „Кој е следен?“ повикува на будење и здружување: „Време е да се разбудиме. Време е да го промениме системот.“

И најважно, тие подвлекуваат дека овој протест не е само нивен – туку на сите граѓани:
„Ова не е марш на „Кој е следен?“. Ова е повик за здружување, против заедничкиот непријател, системот кој сака да заборавиме.“

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Објавен составот на Реал Мадрид на неколку часа пред спектаклот на „Емирати“

Следно

Костова: Вработените во културата понижени – нема поголеми плати, не се почитува Колективниот договор

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop