Сирискиот претседател Ал Шара на маргините на Форумот во Анталија оствари средба со лидери од светот

April 11, 2025
1 min read

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара денес одржа серија состаноци со светските лидери и највисоки претставници на маргините на 4. Форум за дипломатија во Анталија, Туркије, пренесува Анадолу.

Според соопштението на сириското Претседателство, Ал Шара имал одвоени средби со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и со косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу.

Сирискиот претседател, заедно со неговиот министер за надворешни работи, Асад ал-Шаибани, се сретна и со катарскиот премиер Шеик Мухамед бин Абдулрахман ал-Тани.

Во соопштението не се наведени детали за содржината на средбите.

Тридневниот форум, што започна денес во турскиот туристички град Анталија, е фокусиран на темата „Враќање на дипломатијата во фрагментиран свет“.

Настанот ги обединува глобалните лидери, креатори на политики и експертите со цел справување со критичните глобални предизвици, како геополитичките тензии, нееднаквоста, насилството и климатските промени, воедно истражувајќи начини преку кои дипломатијата може да се врати стабилноста и да се поттикне меѓународната соработка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште еден обид да останат заедно – вечерва средба на лидерите на Вреди

Следно

Вардар се крена во финишот и го урна Охрид!

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop