Сиријците во подрачјата разурнати од Асадовиот режим се надеваат на подобра иднина

December 23, 2024
1 min read

ДАМАСК (АА) – По крајот на 61-годишното владеење на режимот на Баас, сцените со урнатини во подрачјата на Источна Гута, вклучително и Хараста и Кобар, во Дамаск, сведочат за огромните страдања што ги претрпеа граѓаните на Сирија, јавува Анадолу.

Во населбите што беа цел на долгогодишниот конфликт Сиријците се обидуваат да продолжат со животот и се надеваат на подобра иднина.

Разурнатите улици и урнатините што некогаш биле домови, училишта и продавници сега стојат како сведоштво за катастрофалните последици од војната.

Семејствата што останале во овие подрачја или се вратиле по повлекувањето на режимските сили се соочуваат со огромни предизвици, вклучително недостиг на основни услови за живот, како вода, струја и медицинска услуга.

Сепак, меѓу урнатините може да се забележат моменти на радост, како деца што играат на улиците и локални иницијативи за повторно оживување на заедницата.

Режимот на партијата Баас во Сирија падна по 61 година на власт преку насилно угнетување на сирискиот народ.

Сирискиот режим, кој беше на власт од 1963 година, а против кој во 2011 година се крена востание, по што во Сирија изби граѓанска војна, падна со губењето на контролата над престолнината Дамаск.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: Работата на Владата дава ефект кај граѓаните и работите се испорачуваат токму како што беа ветени

Следно

Ѓорги Христов назначен за технички директор во ФФМ

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop