Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

July 8, 2025
1 min read

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни состојби и управување со катастрофи, јавува Анадолу.

„Остварен е контакт со ЕУ за да се побара нејзина поддршка во гаснењето на пожарите во руралниот дел на Латакија“, изјави Раед ал-Салех во соопштението објавено од државната новинска агенција САНА.

„Тимовите на цивилната одбрана успеаја да ги евакуираат жените и децата и да го изгаснат пожарот со помош на локалните жители“, додаде тој.

Министерот рече дека турски и јордански тимови учествуваат во напорите за гаснење на пожарите, заедно со авиони од Турција, Јордан, Либан и Сирија.

Тој наведе дека 16 авиони биле вклучени во операциите за гаснење на пожарите во понеделникот, а се очекува нивниот број да достигне 20 денес.

„Највисок приоритет е заштитата на цивилите и досега не се регистрирани жртви и покрај тоа што пожарите се шират на повеќе области“, рече министерот.

Според него, досега се повредени десет припадници на цивилната одбрана, од кои повеќето страдале од вдишување чад.

„Временските услови значително придонесуваат за ширењето на пожарите, заедно со големите количини суво дрво и ризикот од експлозии од остатоци од војната (што ја водеше поранешниот режим против Сиријците во текот на изминатите 14 години)“, рече тој.

Областите во руралниот дел на Латакија често се соочуваат со пожари во текот на летото поради високите температури, густите шуми и силните ветрови, што ги комплицира напорите за контрола на пламените јазици.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Следно

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Latest from Blog

Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – едукација за роботско производство и индустриски технологии

Ученици од државното средно стручно училиште „Партенија Зографски“, наменето за деца со посебни образовни потреби, беа во едукативна посета на производствените капацитети на БРАКО. Станува збор за девет ученици од образовните профили

ОВАА ЖЕНА ОТВОРЕНО ГО ПОТВРДИ она што Трамп и Нетанјаху го избегнуваа со недели

Разликата меѓу целите на САД и Израел во нападот врз Иран се чувствуваше уште од самиот почеток на операцијата, почна да излегува на површина со првите израелски напади врз иранските резервоари за

Интервенција на пожарникари: Девојка паднала во провалија

Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол. -Станува збор за исклучително тежок
Go toTop