Сирени во централен Израел: Хамас вели дека го гранатира Тел Авив

January 29, 2024
1 min read

Военото крило на Хамас, бригадата Изадин Ал-Касам, денеска соопшти дека истрелале ракетен оган кон Тел Авив, а во попладневните часови низ централен Израел се огласија сирени за предупредување против проектили.

Бомбардирањето на Тел Авив е „одговор на масакрите врз цивили од страна на ционистите“, соопшти военото крило на Хамас, алудирајќи на израелските воени операции во Појасот Газа.

Новинарите во Тел Авив и Ерусалим слушнаа далечни експлозии, а во Кан Јунис видоа како ракети се истрелани од тој град на југот на Појасот Газа, објави Си-ен-ен.

Повеќето сирени денеска се слушнаа јужно и источно од Тел Авив, а израелските служби за итни случаи соопштија дека нема моментални извештаи за можни жртви од ракетниот напад истрелан денеска кон централен Израел./makfax

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Косово и Турција потпишаа рамковен воен договор за продлабочување на соработката

Следно

Нашиот помал партнер, ВМРО-ДПМНЕ, да не се вознемирува многу, порачаа од ДУИ

Latest from Blog

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на

Млекара доминира со блок-трансакција, берзата стабилна со минимален пад на МБИ10 од 0.03%

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје, врз основа на официјални податоци од Македонска берза На берзанската сесија од 9 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03% и ја заврши

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од
Go toTop