Синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Пандов

February 4, 2025
2 mins read

Синдикатот на затворската полиција и администрација при Независниот синдикат на држава администрација денеска упати отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов како реакција на, како што наведуваат јавните линчувања кон припадници на затворската полиција со укажување на проблемите со кои се соочувата и на потребата од подобрување на правата на вработените и состојбите во затворскиот систем.

-Изминативе неколку дена имаше јавни линчувања кон припадниците на затворска Полиција од јавни личности носители на функција пренесено од медиуми. Со дадените изјави за сегашната состојба во одредени затвори се поставува прашањето дали воопшто предходник (директор на УИС) Ви ги пренесе, укажа и објасни состојбите во затворскиот систем ???”. Со ова Отворено писмо до Вас и јавноста а в.в. со случувањата во КПУ Затвор Скопје од страна на Синдикат на Затворска Полиција и администрација на Македонија ќе Ви одговоривме со: „ДАЛИ ЗНАЕТЕ ???”. Дали знаете кој е оптимално потребен број на припадници на Затворска полиција во Затвор Скопјe за вршење на тековни активности, стои во писмото. 

При тоа од овој синдикат ги наведуваат и другите бројни проблеми со кои се соочуваат во извршувањето на нивната работа во однос на условите на работа и заканите по нивната безбедност на кои што се изложени од, како што велат, одредени криминални групи надвор од работното место.

– Дали знаете колку има опожарени возила на припадници на Затворска полиција? Дали знаете дека се фрлаа бомби во куќа на директор на Затвор? Дали знаете дека има постојани закани кон Затворска полиција? Дали знаете дека после работа одредени криминални групи ги пресретнуваат Затворските полицајци и физички се малтретирани?, прашуваат од Синдикатот на затворската полиција 

Тие прашуваат и дали директорот на УИС, е запознаен кога имаат последен пат земено комплет службена униформа, дека некои припадници немаат задолжено средства за присилба (средства за врзување лисици, гумана палка, пепер спреј-солзавец…), дека речиси да нема држава каде што не се употребува електричен пиштол, и дека нема набавено ниедна „боди-камера” која е законска обврска и дел од опремата?  

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов вчера изјави дека 70 телефони биле откриени кај притвореници во Истражниот затвор „Скопје“ (Шутка) во претреси во текот на денот во 40 ќелии, извршени од интервентна единица од затворот „Идризово“.

Во интервју во Дневникот на ТВ Сител тој рече дека затворскиот полицаец за кој се сомнева дека му помогнал на притворениот Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајкајната несреќа во која загина 22-годишната Фросина Кулакова, да дојде до мобилен телефон е суспендиран од работа.

Пандов тврди дека во најголем дел мобилните во затворите ги внесуваат затворските полицајци и дека во корумпирано општество како нашето, затворскиот систем е најкорумпиран. Освен новите раководители на затворите, во овие казнени установи, рече, работи истиот персонал што го наследиле. Соопшти дека во моментов во Обвинителство се води постапка против триесет и двајца, а против сто затворски полицајци и други вработени во затворите се поднесени дисциплински постапки. За да се справат со корупцијата во затворите, формирани се интервентни единици – една во „Идризово“ и една во затворот во Штип.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради сообраќајка затворен за сообраќај патот Каласлари- Градско

Следно

Здружение на ЈО со остра осуда за запаленото возило на обвинител: Неопходно засилување на безбедносните мерки!

Latest from Blog

„Лица“ – изложба на Ангел Коруновски за борбата на поединецот во современото општество

Во изложбениот простор „Мала станица“ во Скопје, утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Лица“ на ликовниот уметник Ангел Коруновски. Станува збор за серија дела што се фокусираат на човекот како

Кејн со секој натпревар урива по некој рекорд, сега го собори оној на Робен

фото: FC Bayern Munchen (X) Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, постигна гол на вчерашниот натпревар против Хајденхајм (4-0) во 15-то коло од Бундеслигата, поставувајќи рекорд во германската лига. Англичанецот со вчерашниот

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го назначи гувернерот на сојузната држава Луизијана, Џеф Ландри, за специјален американски пратеник за Гренланд, голема данска полуавтономна територија за која претходно рече дека САД треба да

СДС и ДУИ создаваа лажна конкуренција на тендери за да можат да перат пари од буџетот

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ „СДС и ДУИ одамна се познати по тендерските мрежи за нивното седумгодишно владеење, поточно за воспоставување на систем на однапред договорени тендери и контролирана конкуренција. Во 2023 година, преку

Шест начини да го одложите појавувањето на седи влакна што е можно подолго!

Иако генетиката игра најголемо влијание во појавата на седите влакна, стручните лица нагласуваат дека сепак може донекаде да влијаеме на темпото на белеење на косата. Со правилна нега, подобра исхрана и неколку
Go toTop