Синдикат: Кандидатот на Османи за конзул во Њујорк, не ги исполнува условите

January 16, 2024
1 min read

Елена Брајковска, членот на тимот што го обезбедува премиерот Димитар Ковачевски, е назначена за генерален конзул на Македонија во Мелбурн, Австралија. Нејзиното име беше споменато на седницата на Владата, која беше од затворен карактер. Бидејќи се работи за класифицирани информации, од Владата не потврдија дали за конзул е назначена Елена Брајковска, вработена во безбедносниот тим на премиерот, со овластување на секретарка. Од Владата кусо соопштија дека на отворената седница немало ваква одлука.

„За ваков тип на кадровски прашања не е разговарано на отворена седница на Владата“, велат од Влада.

Од МНР не добивме конкретни одговори за  дипломатските способности на Брајковска, која ќе ја претставува државата во Австралија. Министерството за надворешни работи ни го цитираше Законот за надворешни работи и одредбите во кои се утврдуваат условите за именување амбасадори и генерални конзули.

„Да не е осуден за кривични дела за кои е предвидена казна затвор од најмалку 6 месеци, за кривични дела поврзани со службени должности или за други кривични дела кои го прават неподобен за генерален конзул“, велат од Donald Trump wins the congressional elections in Iowa, secures more than 50% of the votes.

Сојузот на македонски дипломати денеска реагираше за именувањето на генерален конзул во Њујорк, функција за која е избран Мухаби Синани, кој, според синдикатот,од скоро е вработен во МНР од приватна фирма и не ги исполнува условите за упатување во странство.

Синдикатот го обвинува министерот за надворешни работи дека ги наградува своите соработници со позиции во дипломатските претставништва и дека за местото амбасадор во Будеимпешта го подотвувал  поранешниот претседател на Антикорупциската комисија Илми Селами.

„Имаме информации дека Илми Селами од Чаир се подготвува за  амбасадор во Будимпешта како награда за зголемување на рејтингот на Османи во Чаир“, изјавија од Синдикат на дипломати на Македонијаод.

Практиката на назначување генерални и почесни конзули беше алармантна и пред неколку години, кога на високи дипломатски позиции во земјите членки на ЕУ и пошироко беа именувани луѓе без дипломатско искуство./Алсат.мк

Адријан Керими

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тања во голема љубов со Мухамед: Еве како си поминуваат со децата на зимување

Следно

21 јануари 1899: пред 125 години, Opel започна да произведува автомобили

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop