Синдикалците ќе почекаат за да го видат Мицкоски, прво ќе прошета до Америка

January 17, 2025
1 min read

„Премиерот Христијан Мицкоски веднаш по враќањето од официјалната посета на САД ќе ги прими на средба претставниците на Синдикатот на која ќе се дискутира за изнаоѓање на решение кое ќе биде од полза на работниците и исполнување на нивните права“, пренесува МИА.

„Добро е што лидерите на УПОЗ прифаќаат дијалог наместо рестриктивни и избрзани мерки како, протест без да бидат исцрпени можностите за дијалог и изнаоѓање на конечни решенија. стремежот на Владата е да се изнајде решение кое ќе биде во насока на подигнување на стандардот на работниците во согласност со буџетските можности“, велат од Владата.

Оттаму велат дека стремежот на Владата е да се изнајде решение кое ќе биде во насока на подигнување на стандардот на работниците во согласност со буџетските можности. 

Синдикалците од пред Министерството за финансии го поканија премиерот Христијан Мицкоски одблиску да се запознае со барањата на работниците, а на министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска и побараа да го одврзи ќесето и да им овозможи на работниците достоинствен живот за тие да вратат со продуктивност.

Иако вработените во дел од министерствата, Државниот завод за статистика и Државниот архив веќе четири дена одржуваат получасовен предупредувачки протест, тие не беа примени на средба во Владата за да пренеста дека бараат додатоци на плата од 30 проценти и потпишување на колективни договори,

Денеска синдикалците порачаа дека доколку не се исполнат нивните барања протестите ќе продолжат, Тие најавуваат дека нема да се откажат од своите барања. 

„Не прифаќаме дискриминација и ќе продолжиме да се бориме за праведно зголемување на платите за сите“, рече денеска членот на синдикат од Министерство за правда, Зоран Ѓорѓиевски.

Вработени во дел од министерствата, Државниот завод за статистика и Државниот архив веќе четири дена одржуваат получасовен предупредувачки протест барајќи додатоци на плата од 30 проценти и потпишување на колективни договори. 

Од протестот што се одржа пред Министерството за финансии, преставниците на Синдикатот на УПОЗ информираа дека доставиле барање за средба со Владата, а доколку не се постигне договор не се исклучуваат порадикални чекори.

Претседателот УПОЗ, Трпе Деаноски, од денешниот заеднички протест на вработените во администрацијата од 6 министерства и 2 државни институции, упати апел до Владата што поскоро да седнат на маса. Во спротивно не ја исклучи можноста за порадикални чекори како штрајк и тужба до државата.

„Вработените очекуваат разбирање и да се прифати оваа подадена рака од синдикатот на УПОЗ за изнаоѓање на решение на нашите барања, во спротивно ќе бидеме приморани повторно да ги активираме протестите, како и да ги искористиме сите со закон дадени можности за изразување на незадоволството на работниците до остварување на нашите барања. Прво ќе чекаме нели ќе дадеме шанса на продолжување на дијалогот како што изјавува Владата, ако не потоа ќе ги продолжиме протестите, се размислува за одење на штрајк и се размислува и за тужби до државата“, рече Деаноски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот Мицкоски со поддршка за ракометарите: И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци!

Следно

Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД

Latest from Blog

Општина Битола: Граѓани и здруженија му оддадоа почит на војводата Александар Турунџев

Битола денеска одбележа 121 година од погибието на македонскиот револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација, Александар Турунџев. По тој повод, пред неговиот споменик кај „Ат Пазар“, како и на неговиот гроб

(ВИДЕО) ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ПЛАНЕТАТА – Хорор во „Големиот Кањон“ во САД, поројни поплави голтаа кампери – има загинати и десетици исчезнати!

Силни поројни дождови викендов го погодија Големиот Кањон во Аризона, при што еден човек загина, а најмалку 14 се водат како исчезнати, објави „Еј-би-си њуз“. Невремето ги поплави камповите и пешачките патеки

Америка вечерва ги нападна иранските сили во Ормуз, ИРАН ВОЗВРАТИ КОН АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВО ЈОРДАН (ВИДЕО)

Американските сили вечерва нападнаа ирански ракетни лансери на островот Ларак во Ормутскиот теснец, објавија американските претставници. Ова е првиот американски воен напад врз Иран во последниот месец. Два лансери управувани од членови

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон
Go toTop