Симоновска: Докторката доби отказ затоа што во моментот кога тимот на бронхоскопија се обидува да го спаси животот на малото дете, директно им попречуваше на докторите

January 31, 2025
2 mins read

ВД директорката Др. Каролина Симоновска вечерва се обрати до јавноста со отворено писмо по наводите на лекарскиот колегиум на Клиниката „Козле“ кои бараа итна оставка од неа, откако, ја разрешила нивната колешка, докторката со долгогодишно искуство Веселинка Митровска  Јосифовска, специјалист по бронхоскопија. 

Како што вели, докторката добила отказ затоа што во моментот кога тимот на бронхоскопија се обидува да го спаси животот на малото дете со голтнато страно тело др. Веселинка директно им попречуваше на докторите да си ја вршат својата работа, со што дополнително го загрозуваше животот на малото дете!

„Ако она сакала да биде дел од екипата можеше да дојде кај мене и јас ќе и дозволев. Од кои причини не го направила тоа а создала хаос во кабинетот????

Почитувани,

Морам да ве известам за да добиете точни информации. Се работи за др. Веселинка Јосифова Митровска која 6 месеци пласира лаги за екипата за бронхоскопија а она сама уште пред 6 месеци се откажа од бронхоскопијата иако јас во два наврати, еднаш усно, еднаш писмено и кажав дека може да работи во тимот за бронхоскопија но она одби да работи еднаш пред целиот колектив а вториот пат на писмено ми се обрати дека не може да работи со сегашната екипа и не сака да сноси одговорност за работата.Овој месец на денот кога требаше да се извади страно тело дел од индиски орев кај мало дете она влегла во кабинетот за бронхоскопија, направила немир и тензии кај докторката која требаше да ја изведе интервенцијата, да ја попречи во работата а со тоа да го загрози животот на детето.

Др. Бојана која требаше да ја изврши интервенцијата видно доста вознемирена дојде кај мене во 3 наврати да ме извести за ситуацијата. Јас прво ја испратив нашата правничка Јасмина да и каже на др. Веселинка дека не смее да биде во кабинетот и не смее да прави тензична атмосфера, потоа се повикало и обезбедувањето кое исто ја замолило за да на крај ме повикаат и мене и јас истото и го кажав но она остана во кабинетот и направи тензична атмосфера за работата викајќи и заканувајќи ми се мене и на сите дека никој не може да ја избрка, која можеше да влијае на исходот на интервенцијата.Се донесе детето за интервенција, се извади страното тело и за голема среќа се се заврши добро.

Со оглед на ситуацијата се свика прво комисија за утврдување на фактичката состојба па потоа дисциплинска комисија и во однос на нејзината постапка, незаконска работа и последиците што можеа да се случат со здравјето на детето она доби отказ.Јас како директор мора да се грижам нашите деца да бидат безбедни и да ги штитам од личности и ситуации кои може да го загрозат нивниот живот а и да им овозможам на вработените да не работат под притисок и тензии за осетливи интервенции кои се животно загрозувачки.

Ако ова не е пропаганда од СДСМ сите овие 6 месеци зошто вечерва СДСМ ја бранеше др.Веселинка а никој не го спомена ризикот за интервенцијата и загрозеноста на детето што др. Веселинка го направи.

Зар животот на детето не е важен?, па ние докторите треба да се грижиме за децата а не да им го угрозуваме животот“, вели таа.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стојаноски: Ќе има законски измени за поголеми казни во сообраќајот

Следно

САД: По судирот на авион и хеликоптер близу Вашингтон извлечени 41 тело

Latest from Blog

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на
Go toTop