Симеоне: Имам добро чувство дека ќе одиграме одличен натпревар на реваншот со Борусија

April 16, 2024
1 min read

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, со оптимизам го очекува реваншот со Борусија Дортмунд во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони.

Првиот натпревар одигран во Мадрид заврши со победа на шпанскиот претставник со 2:1.

– Работиме напорно и остваривме значајни резултати сезонава. Пораснавме во фудбалскиот свет. Треба да играме и да не размислувате премногу. Имам добро чувство дека моите избраници ќе одиграат одличен натпревар. Нè очекува добра вечер во Лигата на шампионите. Имаме собрано многу искуство од вакви натпревари. Кој ќе успее да биде подобар, ќе продолжи понатаму, изјави Симеоне.

Натпреварот помеѓу Борусија и Атлетико Мадрид ќе се одигра во Дортмунд вечер со почеток во 21 часот.

Последен пат Атлетико во полуфинале на Лигата на шампионите играше пред седум години.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грција денеска без вести и информативни емисии поради 24-часовен штрајк на новинарите

Следно

Кортни Лав ги разбесни љубителите на Тејлор Свифт: Веројатно е Мадона на денешницата, но не е интересна како уметничка

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop