Силно невреме во делови од Скопје – откорнати покриви, паднати дрва и поплавени улици

July 23, 2023
1 min read

Според информациите од ЦУК, на бројот за итни случаи пристигнале околу 40 пријави, а триесетина од нив се поврзани со паднати дрва, бандери со струјни и телефонски кабли.

Краткотрајно, но силно невреме попладнево зафати делови од Скопје. Граѓаните пријавуваат паднати дрва, поплавени улици, оштетени возила, како и откорнати покривни конструкции.

Според информациите од ЦУК, на бројот за итни случаи пристигнале околу 40 пријави, а триесетина од нив се поврзани со паднати дрвја, бандери со струјни и телефонски кабли.

Дел од дојавите за паднати покриви и дрва се во населбите Лисиче и Маџари, а поплавените улици се во скопски Чаир.

Фото: Мета
Фото: Мета

Невремето беше проследено со силен ветер, пороен дожд, а во делови од Скопје и со врнежи од град.

Фото: „360 степени“

Како што соопшти УХМР, во североисточните делови од земјава попладнево времето беше нестабилно со локална појава на невреме проследено со електрични празнења, интензивен пороен дожд, град и силен ветер. Со поинтензивни процеси беа опфатени подрачјата на Кратово, Пробиштип, Кочани, Виница, а доцна попладне невреме ја зафати и Скопската котлина.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се урна мост во Грција – еден загина, а осуммина се повредени

Следно

ПСЖ го продаде Икарди

Latest from Blog

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 члена на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска
Go toTop