Силните бури и торнада предизвикуваат голема штета низ САД

March 15, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Големо невреме, вклучително и торнада, град и силни ветрови, ги зафатија централните и источните делови на Соединетите држави (САД) синоќа и ова утро, во кои животот го загубија три лица во Тексас, пренесува Анадолу.

Ветрови со брзина од повеќе од над 128 километри на час ги зафатија Јужните рамнини вчера, предизвикувајќи сообраќајни несреќи во Тексас, кои резултираа со најмалку три смртни случаи предизвикани од песочна бура, објави Си-Ен-Ен.

Силниот ветер кутна камиони, дрвја и далноводи, што доведе до масовни прекини на електричната енергија.

Повеќе од 130 пожари избувнаа во Оклахома, поради што се привремено евакуирани некои подрачја. Не се пријавени смртни случаи.

Гувернерите на Алабама, Канзас и Мисури прогласија вонредна состојба како одговор на заканата предизвикана од лошите временски услови и шумските пожари.

Невремето се очекува да се зајакне и да се придвижи кон југоисток, зголемувајќи ја заканата од смртоносни торнада и интензивни грмотевици во сабота навечер.

Денес постои висок ризик од силни грмотевици над делови на долините Мисисипи / Тенеси и врз југоисточниот дел, а помал ризик од силни грмотевици се очекува во недела од Среден Атлантик до југоистокот, објави Националната метеоролошка служба.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се превртeл чамец со две лица во Мавровско езеро, во тек е голема спасувачка акција

Следно

Спасени се лицата чијшто чамец се преврте во Мавровско Езеро

Latest from Blog

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните
Go toTop