Силен земјотрес од 6,5 степени на Карибите

October 27, 2025
1 min read

Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтер го погоди денеска подрачјето источно од Гвадалупе, во регионот на Мали Антили.


„Доста долг и интернзивен потрес. Седев на столче, и ми се чинеше дека трае бескрајно“, напиша еден од сведоците на земјотресот на страницата на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

„Звучеше како мотор на хеликоптер во позадина, а тресењето беше помеѓу 20 и 30 секунди“, напиша друг.


Според сеизмолошките служби, епицентарот се наоѓал во Атлантскиот Океан, околу 149 километри источно-североисточно од Босежур (Гвадалупе) и 223 километри североисточно од Розо (Доминика). Земјотресот се случил на длабочина од околу 35 километри.

Според првичните извештаи, земјотресот бил почувствуван на неколку карипски острови, вклучувајќи ги Гвадалупе, Доминика, Мартиник и Антигва и Барбуда. Во времето на земјотресот, локалното време во епицентралната област било 08:38 часот наутро.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Гранит со најголем дневен промет

Следно

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на конгресот освари средби со преставници на ФУЕН

Latest from Blog

Меџити: Се работи со висок интензитет за старт на булеварот „Цветан Димов“

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека изградбата на булеварот „Цветан Димов“ веќе е вклучена во буџетот на Град Скопје и дека процесот ќе продолжи без одложувања. Според Меџити, се работи
Go toTop