Силен дожд предизвика поплави и прелевања во Италија

March 14, 2025
1 min read

РИМ (АА) – Обилните врнежи од дожд во регионите Тоскана и Емилија-Ромања во централна Италија предизвикаа поплави и прелевања, известува Анадолу.

Според вестите објавени во националните медиуми, обилните врнежи од дожд вчера забележани во регионите Тоскана и Емилија-Ромања негативно се одразиле врз секојдневниот живот.

Највисокото ниво на тревога, „црвено“, беше дадено во овие два региона поради поројните врнежи, бидејќи се зголеми нивото на водата во реките и потоците. Од тие причини, јавноста беше повикана да се држи подалеку од подрумите и приземните катови.

Во утринските часови се излеа реката Римаџо, која тече низ градот Сесто Фиорентино во Фиренца, главниот град на регионот Тоскана. Поради тоа многу улици беа покриени со вода, а италијанската противпожарна единица им помогна на возачите кои останаа блокирани во своите возила. Општината ги предупреди граѓаните да не излегуваат од домовите и да не користат возила.

Освен тоа, зголеменото ниво на водата во реката Арно, која тече низ градовите Фиренца и Пиза во регионот Тоскана, достигна алармантно ниво. Од тие причини издадено е предупредување за ризик од поплави од прв степен.

Еугенио Џани, претседател на регионалната влада на Тоскана, информираше дека состојбата на реките во регионот, особено на Арно, внимателно се следи од Цивилната заштита и дека е подготвен план за отстранување на вишокот вода во случај на поплава во Арно.

Во Фиренца, критична клучка на националната железничка мрежа, беа прекинати железничките услуги поради дождот.

Од друга страна, фериботите меѓу островот Елба во близина на брегот на Тоскана во Медитеранот и копното не можеа да сообраќаат поради неповолните временски и морски услови.

Во некои градови во Тоскана и Емилија-Ромања, каде што ситуацијата е критична, училиштата се затворени, а некои работни места се затворени денес и утре.

Во Болоња, главниот град на Емилија-Ромања, поројните врнежи предизвикаа поплавување на некои подвозници во центарот на градот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Третиот Меѓународен конгрес за приказ на случаи – еден од најголемите мултидисциплинарни медицински настани во Македонија

Следно

Министерот Таравари ја посети најмодерната и најголема болницата Бори

Latest from Blog

Шумски пожари на грчките острови Хиос и Евија, евакуирани населени места и хотел

Шумски пожари избувнаа на грчкиот егејски остров Хиос, принудувајќи евакуација на шест градови, објави Катимерини. Жителите во областа на Агиос Макариос Вронтадос добија итна тревога преку системот 112, со која им беше

ОЈО поведе постапка против 28 годишен скопјанец по напад врз неговата 4-годишна ќерка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 28-годишен скопјанец кој беше приведен од полицијата по напад на неговата четиригодишна ќерка. Според обвинителството, инцидентот се случил во семејниот дом во населбата Драчево. Додека

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час

На граничните премини Богородица и Табановце, од македонска страна, поради зголемена фреквенција има задржувања околу еден час. На останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија денеска од

Арсовска со нова објава на социјалните мрежи пред дивоградба, како што вели, од 12 спрата и над 50 станови

Со најава дека утре во текот на денот до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ќе достави уште еден материјал од илјадници страници фалсификати и злоупотреби  од општина Чаир, скопската

Турскиот министер за надворешни работи оствари средби со петмина свои колеги во Истанбул

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес во Истанбул се состана со својот сириски, јеменски, ирански, туниски и ирачки колега, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.
Go toTop