Сиљановска-Давкова во работна посета на oпштина Ресен

November 10, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре – 11 ноември, вторник, ќе престојува во работна посета на општина Ресен, информираат од Кабинетот на претседателката.

Сиљановска-Давкова ќе оствари средба со градоначалникот Јован Тозиевски и со членовите на Советот на општината, ќе се сретне и ќе разговара со жители на Ресен.

Предвидено е да ги посети Спомен музејот на Татарчеви и Домот на култура „Драги Тозија“.

Во рамки на посетата, претседателката ќе го посети и индустрискиот капацитет, Свисслион Агроплод-Ресен, а на тема еколошката состојба на Преспа и езерото, ќе разговара со претставници на надлежни институции, невладини организации, како и со претставници на локалната самоуправа.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ана Брнабиќ во Киев: Србија ќе ја поддржи Украина на патот кон Европската Унија

Следно

Шмекерски потег на “Македонецот“ Пауновиќ! (ФОТО)

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop