Сиљановска-Давкова: Струга е поетска република што гради мостови и го менува светот

August 22, 2025
2 mins read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер го прогласи за отворено 64. издание на Струшките вечери на поезијата и во рамки на свеченото отворање на фестивалот го проследи Меѓународното поетско читање – „Поетски меридијани“.

Во своето обраќање, таа ја нагласи историската важност на фестивалот и потсети на 1961 година, кога група македонски поети се собрале за да ја одбележат 100-годишнината од објавувањето на Зборникот на браќата Миладиновци, втемелувачите на „Струшките вечери на поезијата“, коишто од Струга направија културна, поетска република.

Сиљановска-Давкова оцени дека најважните белези на струшкиот поетски републиканизам се: универзалноста, отвореноста, инклузивноста, рамноправноста, талентираноста, компетитивноста, слободољубивоста. Таа укажа дека Струга како поетска република ги обединува поетите од различни континенти, држави и култури, без разлика на политичките, или идеолошките поделби.

Претседателката постави важни прашања за релевантноста на поезијата во современиот свет, во време на дигитална зависност, сензационализам и забрзана технологија. Предупредувајќи на предизвиците што ги носи вештачката интелигенција нагласи дека неможното за вештачката интелигенција е можно за поетите, коишто се единствените господари на чувствата и волшебници на зборот.

Потсетувајќи на судбината на АБЕЦЕДАРОТ, забранетите книги, како и на делата на браќата Миладиновци, Сиљановска-Давкова констатираше дека живиот збор е делотворно оружје што може да ја разбуди совеста, да поттикне активност и да ја промени реалноста.

„Ова е вашата поетска република. Од тука, од Струга, вие сте го менувале и сѐ уште можете да го менувате светот, градејќи вечни поетски мостови од неуништливи материјали: мислата и зборот, проткаени со ум и чувства“, им порача на поетите.

Сиљановска-Давкова го поздрави враќањето на најважните белези на фестивалот: читањата кај споменикот на Свети Климент во Охрид, поетското пловење до Свети Наум и поетското матине во „Св. Богородица Перивлепта“.

Во продолжение е интегралниот говор на претседателката Сиљановска-Давкова:

Чест ми е да се дружам со седумдесеттина поети, но и со бројни критичари, преведувачи, литературни соработници и љубители на поезијата, овде, во македонската и светска престолнина на поезијата.

Што вели историјата на овој голем настан?

Во 1961-та година, пред 64 години, група македонски поети се собрале тука, во Струга, за да ја одбележат 100-годишнината од објавувањето на Зборникот на браќата Миладиновци. Тие се впрочем втемелувачите на „Струшките вечери на поезијата“, коишто од Струга направија културна, поетска република.

Шетајќи низ „Паркот на поезијата“, покрај нобеловците: Неруда, Монтале, Бродски, Хини, Транстремер, но и нашите великани: Конески, Матески и Урошевиќ, имате чувство дека и самите, за миг, сте станале дел од антологијата на современата светска поезија.

Годинава, ним ќе им се придружи и великиот словачки поет, Иван Штрпка.

Најважните белези на струшкиот поетски републиканизам се: универзалноста, отвореноста, инклузивноста, рамноправноста, талентираноста, компетитивноста, слободољубивоста. Струшкиот поетски демократски полис не се води од идеологијата, политиката или геополитиката, овенчувајќи ги со „Златен венец“ поетите од различни континенти, држави, системи и нации. Да се потсетиме на Вистон Хју Одн и Ален Гинсберг, Фазил Хисни Дагларџа и Јанис Рицос, Јехуда Амихај и Махмуд Дарвиш.

Струшкото поетско општество е рамноправна заедница, којашто ги награди и поетесите: Десанка Максимовиќ, Нанси Морехон, Маргарет Атвуд, Ана Бландијана, Ен Дафи и многу други.

Струга не ги заборава младите поети и, во соработка со УНЕСКО, го доделува признанието „Мостови“, коешто годинава ќе му припадне на полскиот поет Матеуш Шимчиќ.

Благодарение на препевите, Струшката поетска република прерасна во уникатна, плодна, оригинална јазикотворна лабораторија.

Зар не мислите дека струшката поетска приказна е најдобриот пример и модел на Делчевиот културен натпревар меѓу народите, особено актуелен во ова ужасно конфликтно и воено време што не потсетува на Лорка.

И додека ние во Струга ја славиме поезијата, продолжува натпреварот во вооружување и трката за профит на сметка на човештвото и природата. Ние зборуваме за мир и за соработка, а тие учествуваат во воени судири и предизвикуваат невидени човечки страдања.

Пред нас се логичните прашања: Дали и колку е релевантна поезијата денес, во ера на расеаност и тиранија на ургентното, кога сè повеќе луѓе се закотвени крај мобилните, компјутерите и малите екрани, заведени и навлечени на сензационализам без суштина, изгубени во виртуелниот свет и заслепени од видеократијата и спектаклот?

Дали поезијата може да нѐ залечи, излечи и исцели од епидемијата на рамнодушност кон страдањата на ближниот или различниот?

Дали поезијата може да нѐ ослободи од дигиталните ѕидови во кои се самозаробивме?

Дали и колку сте релевантни вие, поетите, во време кога за неколку секунди алгоритмите на вештачката интелигенција можат да генерираат стихови во ваш стил, со врвна умешност, вична да ги збуни и најверните вљубеници во поетскиот збор?

Извор: zurnal.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стаменкоска Трајкоска со колешките пратенички во посета на Три Круши и црквата „Св. Петка“

Следно

Генералниот секретар на ОН: Газа е жив пекол

Latest from Blog

Потера во Грција- се бара Албанец, кој си ја убил жената пред четирите деца и избегал

Бруталниот злостор се случил во Волос, а по убиството Албанецот избегал. Драмата се одвивала во станбена зграда каде што живеело семејството од Албанија. Расправијата започнала во нивниот стан, а двојката се спуштила

Тешка сообраќајна несреќа во САД: Се преврте автобус, има и загинати

Автобус со околу 50 патници, кој превезувал туристи од екскурзија на Нијагарините водопади, се преврте при враќањето од патувањето во сојузната држава Њујорк, во близина на американско-канадската граница. Полицијата објави дека има

Меџити: Уметноста е идентитетот на Чаир, ќе вложиме во нејзин развој

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина, како и кандидат за градоначалник на Општина Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити, оствари средба со уметниците од општината. На разговорот, како што истакна
Go toTop