Сиљановска-Давкова со божиќна честитка: Да ги отвориме срцата и заедно да градиме благосостојба

January 6, 2026
1 min read

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање – Божиќ.

Во својата порака, претседателката посака празничниот мир да влезе во секој дом.

Претседателката истакна дека Божиќ, како ден на раѓањето на Спасителот, служи како инспирација за добрина и меѓусебна помош.

„Од срце посакувам мирот божји да го завладее секој православен дом, исполнувајќи го со божјите добродетели. Рождеството Христово нè вдахновува со неизмерна љубов, потсетувајќи нè на давањето безусловена помош и утеха на сите на кои им се потребни“, вели Сиљановска-Давкова.

И годинава, вели претседателката, божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела.

„Да му се радуваме на животот и да придонесуваме за доброто на заедницата. Да ги отвориме ширум нашите срца за сите ближни, та, така сплотени во соборноста, да ја креираме и градиме благосостојбата на македонското општество“, вели Сиљановска-Давкова.

 

Покрај до граѓаните, претседателката упати честитки и до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, како и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.

Честитката завршува со традиционалниот христијански поздрав „Христос се роди!“

Претседателката денеска традиционално, во претпладневните часови, беше посетена од групи деца и млади од бадниковите поворки. Таа во духот на празникот ги дарувала со бадникови пакетчиња.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новиот „Аватар“ ја надминува границата од милијарда долари- Камерон повторно доминира

Следно

Љубовен хороскоп за 2026: Kои знаци ќе бидат најсреќни во љубовта?

Latest from Blog

Тоневски: Општина Пробиштип обезбеди бесплатни ортопедски прегледи за децата

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информираше дека е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општината и ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“, со кој се обезбедува значајна поддршка за најмладите во општината. Со

Ново партнерство со САД: Божиновска со меморандум за енергетска стабилност

Во рамки на официјалната посета на висока владина делегација на Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска потпиша Меморандум за разбирање со САД за унапредување на безбедноста

Иранците излегоа на улиците и ги запалија знамињата на САД и на Израел

Снимките од местото на настанот покажаа запалени американски и израелски знамиња, вообичаена глетка на прорежимските митинзи во Иран. Други мавтаа со ирански знамиња и носеа фотографии од врховниот лидер на Иран Моџтаба

Симеоне до Гризман: Ти си човек достоен за восхит, те сакам многу

Диего Симеоне зборуваше пред првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу неговиот Атлетико Мадрид и Барселона. Двата тима се сретнаа пред неколку дена за време на викендот во натпревар од
Go toTop