Сиљановска Давкова се обрати на свеченото отварање на Интернационалниот фестивал на детски театри „ИГОР МАЏИРОВ“

October 1, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на свеченото отварање на третото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „ИГОР МАЏИРОВ“ 2024 што се одржува под нејзино покровителство, а во организација на НУ „Театар за деца и младинци – Скопје“.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека несомнено станува збор за фестивал кој иако е стар само три години, веќе стекна заслужен углед, не само дома, туку и пошироко, како квалитетна и оригинална културна манифестација.

„Во оваа прилика не можам, а да не ги пофалам организаторите, Театарот за деца и младинци кои создадоа врвна манифестација достојна на споменот на нашиот талентиран актер Игор Маџиров, кој за жал прерано нè напушти, оставајќи огромна празнина во неговиот матичен театар и во македонското глумиште“, рече Претседателката.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека верува дека годинашниот фестивал ќе понуди врвен квалитет на сцената на Театарот за деца и младинци, но и на сцените на неколку други театри во Скопје при што публиката ќе има несекојдневна можност во наредните денови да проследи десетина претстави од театри од неколку европски земји, создавани со љубов и трпение.

Претседателката упати порака до сите деца и млади, да живеат и уживаат во театарот и уметноста, да растат и да се развиваат со убавото и благородното, како и порака до нивните родители и до возрасните, да го чуваат детето во себе, да ја негуваат неговата љубопитност, слобода и непослушност.

„Дозволете на крајот на моето обраќање да посакам Театарот за деца и младинци да продолжи да создава богата програма и да ги радува најмладите, да расте со нив. Посакувам овој симпатичен и топол уметнички дом, да се прошири и да порасне, соодветно на потребите на домаќините, но и гостите – публиката! “, истакна Претседателката посакувајќи пријатни и незаборавни мигови со претставите на третиот Интернационален фестивал на детски театри ,,Игор Маџиров“.

На отворањето на фестивалот којшто годинава се одржува под слоганот „Сè e твое” беше прикажана претставата „Не ме чекај“ во режија на Вера Розанова, а во изведба на театарот „Снег на трепките“ од Франција. Фестивалот којшто е наменет за детската и младинската публика, има за цел да ја промовира, развие и популаризира детската театарска продукција следејќи ги најновите трендови на содржини, форми, настани и текови во сферата на детскиот театар.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Не знаеле дека во собата им виси Пикасо, ја нарекувале „грдата слика“

Следно

Роналдо: Не ме интересираат веќе личните рекорди

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop