Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Хрватска има разбирање за потребите на Западен Балкан

May 7, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, по средбата со хрватскиот колега Зоран Милановиќ, изјави дека Хрватска и покрај тоа што е членка на Европската Унија (ЕУ) има разбирање за потребите на регионот Западен Балкан, јавува Анадолу.

Сиљановска-Давкова ги пофали како традиционални пријателските односи со Хрватска кои, според неа, продолжуваат да се развиваат. Исто така, таа ја пофали поддршката на Хрватска за Северна Македонија, истакнувајќи дека нејзината земја, заедно со Албанија, направи чекор кон Европската Унија (ЕУ) во 2020 година за време на претседателството на Хрватска со европскиот блок.

„Односите во сите сфери одат напред, се разбира дека може да се развијат, дека Хрватска и покрај тоа што е членка на Европската Унија има разбирање за регионалните потреби, има разбирање за Западен Балкан. Многупати претседателот повторува дека сме географски, културно, историски дел од Европа”, рече Сиљановска-Давкова, нагласувајќи дека Северна Македонија треба да се приклучи и „политички“ во ЕУ.

Осврнувајќи се на ветото на Софија за членството на Скопје во ЕУ, Сиљановска-Давкова рече дека ветото не е пријателски инструмент и нагласи дека очекува разбирање за ова прашање.

„Ветото не е пријателски инструмент, очекувам разбирање. Се разбира, ние мора да ја тераме државната агенда бидејќи легитимитетот ни извира од граѓаните. Кога го велам ова, мислам економски, мислам културно, образовно, научно да се развиваме”, рече Сиљановска-Давкова.

Милановиќ, од друга страна, рече дека на земјата ѝ е потребна помош за да го надмине прашањето за ветото, нагласувајќи дека прашањето за ветото за Северна Македонија треба да се третира како „проблем“ на земјата, а не како „грешка“.

„Вие добивате многу совети од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ и сите тие совети не се паметни ниту корисни за вас. Вие сте тие што ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква принуда кога станува збор за членството во ЕУ“, рече Милановиќ.

Хрватскиот претседател, исто така, рече дека Северна Македонија е членка на НАТО и како таква е безбедна во рамките што ги овозможува НАТО, нешто што е „добро и исплатливо“.

Денес Милановиќ е во официјална посета на Северна Македонија, каде што беше пречекан од претседателката Сиљановска-Давкова.

Во ноември 2020 година Бугарија стави вето на преговарачката рамка на Северна Македонија со ЕУ, поради спорови околу историјата, јазикот и барањето за правата на бугарската заедница во земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен возач кој во алкохолизирана состојба извадил нож и се заканувал на полицијата во Струмица

Следно

Пауновиќ реши: 20 одбојкарки на првиот собир во Струмица

Latest from Blog

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на

Млекара доминира со блок-трансакција, берзата стабилна со минимален пад на МБИ10 од 0.03%

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје, врз основа на официјални податоци од Македонска берза На берзанската сесија од 9 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03% и ја заврши

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше
Go toTop