Сиљановска-Давкова оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

February 12, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Амбасадорот ја запозна претседателката со планираните активности на Мисијата во 2025 година, посочувајќи ги, како приоритетни следните области: владеење на правото, основните човекови права и социјалната кохезија, доброто управување, младинските политики и родовата еднаквост.

Претседателката го информира за новоформираните тела: Советот за безбедност, Советот за млади, Комисијата за помилување и Комисијата за доделување одликувања и признанија. Објасни дека при номинацијата, најпрво се водела од компетентноста, стручноста и интегритетот, без да ги запостави правичната и соодветна застапеност, како и половата и родовата димензија.

Исто така, таа му ја презентираше нивната досегашна успешна работа и можноста за взаемна соработка за прашања во кои веќе сме соработувале, но и во нови области.

Соговорниците се согласија дека е добро, час поскоро, измените на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија да се најдат на дневен ред на Собранието.

Исто така, претседателката и амбасадорот разменија ставови и се усогласија околу моделот и форматот на одбележувањето на „Осми Март – Денот на жената“.

Средбата заврши со изразена спремност за организирање заеднички активности.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов силен земјотрес во близина на Санторини: Продолжува да се тресе морскиот дел кај грчките острови

Следно

Милевски: Сериозната, моментална борба на Владата ги вади на површина сите криминали кои судството ги премолчувало наназад низ годините

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop