Сиљановска-Давкова од Мечкин Камен: Македонската држава не е стебло без корен, таа е вкоренета во демократските и хумани визии на Гоце Делчев и неговите соборци

August 2, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска одржа обраќање на централната манифестација по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, на Мечкин Камен во Крушево, потенцирајќи ја вековната борба на македонскиот народ за самостојна и суверена држава.

Во својот говор, таа ги нагласи темелните вредности на Крушевскиот манифест, кој го нарече македонска Magna Carta Libertatum, повикувајќи на континуитет со илинденската и асномската традиција. Таа порача дека Република Македонија, прогласена во 1991 година, е легален и легитимен израз на правото на самоопределување, заснован врз волјата на граѓаните и принципите на слобода, правда и еднаквост.

– Идеалите од Крушевската Република не се локални, туку дел од пошироката европска револуционерна традиција – истакна Сиљановска-Давкова, поврзувајќи го македонскиот републиканизам со визиите на Џузепе Мацини и европското движење „Млада Европа“.

Таа подвлече дека Републиката постои заради сите граѓани, независно од нивната етничка, верска или социјална припадност, и додаде дека токму слободата и правдата се основните очекувања на граѓаните од државата.

– Ако се повикуваме на Крушевскиот манифест, мора да бидеме верни на неговата основна идеја – дека соживотот меѓу различните се гради само во присуство на правда и слобода, рече претседателката, повикувајќи на бескомпромисна борба против корупцијата, реформирано правосудство и еднаквост пред законот.

Во обраќањето, таа се осврна и на актуелната состојба, истакнувајќи дека државата се соочува со длабока институционална криза, но изрази уверување дека „новата пролет“ за македонската Република е возможна преку европеизација заснована на Копенхагенските критериуми.

– Ние не сме стебло без корен – порача Сиљановска-Давкова – нашата слобода и нашата Република се вкоренети во европската пролет на народите, во хуманите визии на Млада Европа.

На крајот од говорот, таа ја пренесе пораката на македонските револуционери и борци за слобода, повикувајќи на единство и истрајност во зацртаниот пат кон Европската Унија.

– Да ни е вековита македонската Република, зачната овде, во Крушевската! Да ни е вечна слободата! – заврши Сиљановска-Давкова.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Починал затвореник на комплексот клиники „Мајка Тереза“

Следно

Израелските граѓани протестираа во Тел Авив поради изгладнетите израелски заложници во Газа

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа
Go toTop