Сиљановска Давкова: Никаде не пишува до кога мора да се направат уставните измени

July 4, 2025
1 min read

Предлогот за уставни измени со одложено дејство, експерти и многу челници на ЕУ го оцениле како извонреден. Ништо не губи никој, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова, посочувајќи дека во преговарачката рамка не пишува до кога мораме ние да ги направиме уставните измени. 

Во однос на условот за уставни измени за почеток на преговори, Сиљановска Давкова вели дека никаде не пишува време, односно кога ќе влезе тоа во правно дејство.

-Ајде, ние гарантираме со тоа дека под други ќе ги внесеме и Бугарите, а тие нема да не кочат, за да може што побрзо да стапи во сила оваа измена и се разбира ние на тој начин ќе посегнеме по измената, изјави Сиљановска Давкова во интервју на Канал 5. 

Таа нагласи дека како тогашна опозиција не биле консултирани и не ја виделе Преговарачката рамка и заклучоците за Францускиот предлог и дека доколку тогаш се повикувало на единство со опозицијата поинаков ќе бил односот. 

За тоа дали се уште верува дека може да се променат овие заклучоци, Сиљановска Давкова, рече дека не може да каже, но и дека не може да прифати да ги повикува пратениците да гласаат за нешто што е спротивно на Договорот за ЕУ и на Лисабонскиот договор.

 -Имам повеќе предлози, може интерпретација, упатство, во духот на она што е најважно – Копенхагенските критериуми, дека тие може да бидат основ за вето, меѓутоа разговори за историја, за идентитет, за култура, согласувања, несогласувања, апсолутно не може да бидат услов, изјави Сиљановска Давкова.  

Прашана за средбите со бугарскиот претседател Румен Радев и бугарскиот премиер Росен Жељазков, и дали тие имаат разбирање за нашите загрижености како држава, претседателката рече дека не би се среќавала по вторпат со некого, ако не манифестира почит и интерес. 

-Политиката кога имате проблеми е дипломатија. Не е тоа гласање. Значи, да, важно е прво да ве сослушаат, да ги образложите вашите аргументи, сигурно тоа кај секој соговорник со добра намера ќе предизвика размисла. Инаку не би разговарала, изјави Сиљановска Давкова.

Таа вели дека е свесна за декларациите во бугарскиот парламент, но дека на овие средби го кажува и објаснува своето мислење. 

– Се разбира, тие ќе ве сослушаат и ќе ви речат дека декларација е донесена, меморандуми и т.н. Ако немало логика во нашиот однос, и во оној на премиерот и во мојот, тогаш немаше претседателот на Европскиот совет да рече дека мисли оти е добро да се состанеме заедно да разговараме, изјави Сиљановска Давкова. 

Но, ако некој вели дека ова не е билатерално прашање, тогаш, посочува претседателката, зошто ЕУ не се вклучи.

– Јас тоа го очекував и затоа не коментирам, слушам што се случува, но се разбира не мислам дека ова е добро и не мислам дека интерпретациите од сите дека ние измислуваме проблеми таму каде што ги нема и дека прашањето за името е решено одамна… Видете проблемот постои, кој не го гледа, не сака да гледа, инаку не би се нашол во Извештајот, изјави Сиљановска Давкова. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во првото коло се елиминирани 13 носители

Следно

„Опасниот момак“ од филмовите на Тарантино: Улогите по кои ќе го паметиме Мајкл Мадсен

Latest from Blog

Автобус со ученици паднал во провалија во Колумбија, најмалку 12 загинати

Автобус што превезувал студенти на матурска екскурзија се урна во 80 метри длабока клисура во Колумбија. Најмалку дванаесет лица ги загубија животите, потврди гувернерот на регионот Антиокија на северозападот од јужноамериканската земја.

61 година од емитувањето на првиот Дневник на МРТ

На денешен ден пред 61 година, од импровизирано студио биле емитувани првите вести на тогашната Радио-телевизија Скопје (РТС или ТВС). Дневникот траел 20 минути. Уредник бил Димче Божиновски, а спикери Бранка Станковска

Хакери украле 5,3 милијарди долари со имитирање на Тејлор Свифт и други музички ѕвезди

Според новиот извештај на фирмата за безбедност на социјалните медиуми Spikerz, хакерите користеле вештачка интелигенција за да изнудат пари од обожавателите на социјалните мрежи како што се TikTok, Instagram и X, објавува

Фрајбург му „откина“ бод на Дортмунд

Екипата на Фрајбург предмалку дојде на домашен терен до многу значаен и вреден бод во ремито 1:1 против тимот на Борусија Дортмунд. Фаворитот во Фрајбург пристигна со амбиција да ги освои трите
Go toTop