Сиљановска – Давкова најавува нов закон за помилување, по киксот со членот од кланот „Барон“

January 1, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека е потребен е нов модерен закон за помилување во кој што суштината ќе бидат луѓето затвореници, ‘фокусот би биле луѓето затвореници, оти сегашниот не е системски поставен’, смета шефицата на државата.

Ваквата најава доаѓа само месец два откако се случи киксот со помилуваниот член на нарко-картелот „Барон“, Акиф Равманоски, кој на Сиљановска Давкова јавно и се заблагодари преку социјалните мрежи.

„Почитувана… бескрајна благодарност до вас! Се гордеам што токму вие сте нашата Прва Дама на Републиката!“, напиша тој.

Сиљановска Давкова денеска рече дека ниту Министерството за правда, ниту Комисијата за помилување можат или смеат да играат улога на истражни органи – да се јавуваат во АНБ или АР за да ги проверуваат луѓето. Тоа е работа на судот – значи судијата го креира профилот, досието што доаѓа кај нас.

„Само судот може да ги проверува фактите и доказите, не ние. За мене најважно е кој и како ја прави селекцијата во затворите –  кога ќе побараат или самите затвореници или нивните најблиски намалување на казната и кој го ниже досието. Ако внатре ги немате сите потребни елементи, тогаш ниту Министерството за правда, ниту ние може навистина да имаме вистинска претстава за луѓето. Затоа, велам дека во иднина дури и во рамки на Судскиот совет би можело да се разгледува начинот на кој што судиите ги креираат досиејата за луѓето, бидејќи од тоа зависи како ќе постапуваме ние“, рече претседателката на државата.

Во однос на тоа дали би требало да се предвиди поголем период од три месеци за помилување, таа додава дека тоа треба да го предложат овластените предлагачи на закони, но вели, можеби е потребно да се преиспита и самата казнена политика.

„Ние не сме имале случај на помилување на луѓе кои биле доживотно осудени или на многу долги казни. Прашањето во Советот на Европа е зошто некому на 70 години да не овозможите да ја види светлината на денот и да си ги види своите. Сите тие прашања и многу други ќе дојдат на дневен ред и тоа ќе биде еден хуман пристап на една одговорна држава која води сметка за сите граѓани“, вели Сиљановска Давкова.

Комисијата за помилување е дел од телата на претседателката, која по предлог на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добијат затворенците со правосилни пресуди.

Сите членови на првата Комисија за помилување што беше формирана од Сиљановска Давкова, поднесоа оставка од функцијата по критиките во јавноста за дел од имињата на листата за помилување кои беа објавени по повод празникот 23 Октомври. Новиот состав на Комисијата беше формиран на крајот на ноември, а го предводи д-р Милка Ристова. 

Од Кабинетот на претседателката вчера информираа дека по повод новогодишните празници помилувани се седум лица од кои едно потполно, а шест делумно. Шестемина осудени лица се помилувани во траење од три месеци, а едно лице три месеци и четири дена, што кај него доведува до потполно ослободување од извршување на казната затвор.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Масакр во Цетиње: Маж усмрти 7 лица, меѓу нив и двајца малолетници, полицијата трага по напаѓачот

Следно

Првото бебе во Прилеп е женско

Latest from Blog

Започна акција за спасување на делфин, кој живее среде Венеција- бродовите може да го убијат (ВИДЕО)

Неговото присуство во близина на плоштадот Свети Марко предизвика кампања за негово спасување поради опасноста од големиот бродски сообраќај, пишува The Guardian. Мимо последен пат беше виден завчера во базенот Свети Марко,

Трагична полициска потера во Бугарија: Автомобил пропадна во езеро, загинаа шест лица (ВИДЕО)

Автомобилот што слета во езерото Ваја бил регистриран во Романија и го управувал Романец. Во него имало 10 лица, вклучувајќи го и возачот, објави Euronews. Според медиумските извештаи, автомобилот „Шкода“ се движел

3-те најпосетувани градови во светот: Првиот никој не го очекуваше – мора да ги посетите

Иако многумина би помислиле дека Париз е најпосетуваниот град на планетата, или можеби Њујорк, тоа се Истанбул, Лондон и Дубаи. Дубаи, Обединети Арапски Емирати Овој футуристички град го освои третото место со

Колумна на Мартин Ристевски: ПОСТИЗБОРНО

Изборниот процес донесе многу интересни текови за нашата држава. Историски пресврти во многу општини, крај на една политичка партија и структура која се уште е заробена во 2001 година, како и многу нови предизвици
Go toTop