Сиљановска-Давкова на средби со претседателката на Собрание на Азербејџан и со премиерот Али Асадов

March 12, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Република Азербејџан, денеска во Баку оствари средби со претседателката на Националното Собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов.

На средбата со претседателката на Националното Собрание беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, вклучувајќи ја соработката на парламентарно ниво.

Посочувајќи на нејзиниот претходен ангажман како пратеничка во Собранието, претседателката Сиљановска-Давкова ја истакна важноста за натамошно зајакнување на меѓупарламентарната соработка, којашто се одвива преку Пратеничката група на Собранието за соработка со Националното Собрание на Азербејџан.

Соговорничките разменија мислења и информации за работата на двата парламента, како и за застапеноста на жените пратенички во нив.

Претседателката истакна дека официјалната посета на Азербејџан, што се реализира на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, ќе придонесе за унапредување на соработката. Посочи на потенцијалот за зголемување на економската соработка, на трговската размена, реализација на инфраструктурни проекти, како и на посветеноста од македонска страна за диверзификација на изворите на енергија.

Посочи и на инвестициските можности што државата ги нуди, со својата географска локација, квалификуваната работна сила и широката мрежа на договори за слободна трговија.

Таа, изрази очекување и за реализација на конкретни иницијативи во повеќе сфери, како што се: социјална заштита, образование и наука, животна средина, туризам, сообраќај.

Претседателката на Националното Собрание, Гафарова, препознавајќи ги заложбите на претседателката Сиљановска-Давкова за културна дипломатија, истакна дека реализацијата на официјалната посета и можноста за проширување на контактите ќе придонесат за интензивирање на севкупната соработка меѓу двете држави. Таа изрази очекување за скорешна посета на претседателот на македонското Собрание на Азербејџан.

На средбата со премиерот Асадов беше изразено задоволство од реализацијата на официјалната посета.

Претседателката оцени дека односите со Азербејџан се на одлично ниво, ослободени од какви било нерешени политички прашања и изрази уверување за нивно дополнително зајакнување со реализацијата на официјалната посета.

Во таа насока, премиерот Асадов, оценувајќи ја посетата како успешна, посочи дека програмата и реализираните средби за време на посетата се добар знак за натамошен развој на билатералните односи меѓу двете држави и изрази подготвеност од негова страна на нивно унапредување.

На двете средби, претседателката Сиљановска-Давкова беше запознаена со состојбите во кавкаскиот регион и позициите на Азербејџан по овие прашања. Беше разговарано и за состојбите во контекст на војната во Украина.

Со средбите со претседателката на Националното Собрание, Гафарова и премиерот Асадов завршува официјалниот дел од посетата на претседателката Сиљановска-Давкова на Азербејџан.

Утре, во Баку, претседателката ќе учествува на 12. Глобален форум во Баку, насловен „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“, што во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ ќе се одржи од 13 до 15 март.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ лидери доаѓаат во Македонија – Рокас: Се надевам да се придвижиме напред

Следно

Жирито на Istanbul Photo Awards 2025 го започна процесот на селекција

Latest from Blog

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени,

Храна која го олеснува живеењето ВО УСЛОВИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Во текот на зимските месеци, жителите на урбаните средини многу често се изложени на зголемени концентрации на загадувачки материи во воздухот, што неповолно влијае првенствено врз респираторните и кардиоваскуларните функции. Покрај стандардните

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин
Go toTop