Сиљановска Давкова на одбележување на годишнината од ослободувањето на Аушвиц

January 27, 2025
2 mins read

Шефицата на македонската држава Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во посета на Република Полска, по повод одбележувањето на 80. годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на Освиенцим, близу Краков.

На настанот ќе присуствуваат бројни шефови на држави и влади, членови на кралски семејства и високи претставници на Европската Унија.

На церемонијата, покрај македонската делегација, ќе присуствуваат и претседателите на Австрија – Александар Ван дер Белен, Бугарија – Румен Радев, Чешка – Петр Павел, Естонија – Алар Карис, Финска – Александар Стуб, Франција – Емануел Макрон, Германија – Франк-Валтер Штајнмаер, Унгарија – Тамаш Шујок, Италија – Серџо Матарела, Молдавија – Маја Санду, Црна Гора – Јаков Милатовиќ, Косово – Вјоса Османи-Садриу, Полска – Анджеј Дуда, Словачка – Петер Пелегрини и Словенија – Наташа Пирц Мусар. Присуство најавија и премиерите на Белгија – Александар Де Кро, Канада – Џастин Трудо, Хрватска – Андреј Пленковиќ, Холандија – Дик Шуф, Норвешка – Јонас Гар Сторе и Шведска – Улф Кристерсон.

Меѓу присутните ќе бидат и членови на кралски семејства, како што се Кралот Чарлс III од Обединетото Кралство, кралот и кралицата на Белгија, кралот и кралицата на Данска, кралот Вилем-Александар, кралицата Максима и принцезата Катарина-Амалја од Холандија, принцот престолонаследник Хокон од Норвешка, кралот Филип VI и кралицата Летиција од Шпанија, како и принцезата Викторија од Шведска.

САД ќе бидат претставени од специјалниот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, додека од Израел ќе присуствува министерот за образование Јоав Киш.

Присуство најавија и високи претставници на меѓународни организации, меѓу кои претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, заменик генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле и заменик секретарот на ООН за политички и мировни прашања, Розмари ДиКарло.

Како што соопштија од Музејот „Аушвиц-Биркенау“, оваа годишнина ќе биде без говори на политичарите. Говорите ќе ги одржат само преживеаните од логорот, бидејќи, според директорот на музејот, Пјотр Цивињски, тоа ќе биде можеби последната голема комеморација на која тие ќе можат да сведочат лично за своите искуства. – Воопшто нема да има политички говори. Ќе се фокусираме на историите, болката и траумата на преживеаните, изјави Цивињски во интервју за „Гардијан“.

Русија, која во 2005 година беше претставувана од Владимир Путин, овој пат нема да има делегација, поради тековната војна во Украина. – Тоа се нарекува ден на ослободувањето, и не мислам дека земја која не ја разбира вредноста на слободата има место на оваа церемонија“ж, додаде Цивињски.

Логорот Аушвиц, ослободен на 27 јануари 1945 година од страна на советските сили, е симбол на страдањата за време на Холокаустот. Од околу 1,3 милиони луѓе испратени во логорот, повеќе од 1,1 милион беа убиени, главно Евреи.

Претседателката Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Полска, ќе го посети и Јагелонскиот универзитет во Краков. Според агендата, таа ќе се сретне со про-ректорот, ќе го посети музејот „Колегиум Мајус“ и ќе се потпише во книгата на впечатоци. Таа ќе подари дрворез со македонски мотиви, додека од универзитетот ќе добие репродукција на Јагелонскиот глобус.

Музејот „Колегиум Мајус“, кој некогаш бил седиште на Јагелонската библиотека, поседува богат фонд со ракописи од XIV век и е дел од историјата на универзитетот, основан во 1364 година. Пред посетата на универзитетот, Сиљановска-Давкова ќе одржи средба со професори од Институтот за словенски јазици и македонисти од Република Полска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот во зимски услови, по наместа влажни коловози и намалена видливост поради магла

Следно

Сончево со мала до умерена облачност, магла по котлините

Latest from Blog

Американците го фатиле клучниот учесник во нападот на нивниот комплекс во Бенгази (ВИДЕО)

Министерството за правда на САД објави апсење на клучна фигура во смртоносниот напад врз американски комплекс во Бенгази, Либија, во кој загинаа четворица Американци и со години длабоко ги подели САД. Зубајр

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи на социјалните мрежи по неговиот избор на оваа партиска позиција. Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи

Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,
Go toTop