Сиљановска-Давкова: Имав пријатен разговор со премиерот на Бугарија

June 25, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е изненадена од најавите на бугарските европратеници на вчерашниот состанок на АФЕТ за поднесување амандмани на кој беше усвоен извештајот на Томас Вајц за напредокот на земјава во процесот на евроинтеграции и вели дека синоќа пред вечерата што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер во Хаг во рамките на Самитот на НАТО, имала пријатен протоколарен пријателски разговор со бугарскиот премиер Росен Жељазков.

– Имав пријатен разговор со премиерот на Бугарија. Разговаравме за нужноста од меѓусебно разбирање, да се почитуваме, за потребата да го следиме духот на двата народа, за да помагаме и за потребата кој е веќе внатре да му помогне на оној кој оди кон ЕУ. Верувам во потребата од пријателство, верувам дека ќе се случи и мислам дека тоа е нешто неминовно. Не можам однапред да предвидам, но од она што го видов вчера гарантира дека низ дебата ќе дојдеме до единство, посочи Сиљановска-Давкова пред денешниот состанок на Советот на НАТО во Хаг

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руте: Чесно е сојузниците да трошат за одбраната, исто колку и САД

Следно

Поднесени измени на Законот за јавни патишта: Ќе се подобрува безбедноста и модернизира системот за наплата на патарини

Latest from Blog

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод Фитер Бајрам

Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитки по повод големиот муслимански празник Фитер Бајрам. Почитувани верници со исламска вероисповед, македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита големиот празник Фитер Бајрам. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика

Коњановски: Честит Рамазан Бајрам – нека владее мир и хармонија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка до сите верници од исламска вероисповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам. Во својата порака, Коњановски им посака празнични денови исполнети со радост, мир

Проданоски: Честит Рамазан Бајрам – нека празникот донесе мир и надеж

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. Во својата порака, Проданоски им посака мир, здравје, радост и благосостојба на

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 16–19.03 со 44,44 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 16.03.2026 – 19.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 252 трансакции со вкупен промет од 44.435.187 денари

Со желби за здравје и благосостојба: ФФМ го честита Рамазан Бајрам

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) упати честитка до сите граѓани по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, посакувајќи здравје, мир и благосостојба. Во својата објава, од ФФМ истакнуваат дека овој празник носи
Go toTop