Сијарто: Сите европски политичари треба безусловно да го поддржат планот за завршување на војната во Украина

November 24, 2025
1 min read

Планот од 28 точки за прекин на војната во Украина треба безусловно да биде поддржан од сите европски политичари, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.


„Овој план претставува одлична шанса за завршување на војната. Сепак, некои западноевропски лидери се обидуваат да го блокираат. Нашата позиција е јасна: секој европски политичар е должен безусловно и целосно да го поддржи овој план, бидејќи тој претставува разумен и хуман избор“, напиша Сијарто на својот профил на платформата X.

Делегации од Украина, САД и европски земји вчера во Женева разговараа за американскиот план од 28 точки за прекин на војната во Украина, откако Киев и неговите сојузници изразија незадоволство од делови од предложениот план што предвидуваат големи отстапки за Русија.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поевтинуваат горивата, ова се новите цени

Следно

Еден е Меси: Аргентинецот изедначи светски рекорд

Latest from Blog

Николоски по изјавата на Лосон: Како меур од сапуница се распрсна лагата за „мигранти за пари“

Вистината е секогаш најлесна…” фраза која често ја користам. Само кога се кажува вистината се стига до целта! Некогаш потешко, но секогаш сигурно! Денес како меур од сапуница се распрсна лагата на

Сопругот на починатата Ивана Јовановски останува во притвор уште осум дена

Основниот Кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителство за сопругот на починатата Ивана Јовановски и му го продолжи притворот за уште осум дена за истите основи – опасност од бегство

Јамал ја носи Барселона кон титулата (ВИДЕО)

фото: Barcelona (X) Со победата на гостувањето во Билбао, Барселона направи нов чекор кон шампионската титула. Каталонците славеа со минимални 1:0 и по оваа победа имаат четири бода повеќе од првиот и
Go toTop