Шведско МНР: Шведска работи на тоа да не се повтори непочитувањето на Куранот

July 26, 2023
1 min read

ТОРОНТО (АА) – Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром изјави дека неговата Влада се обидува да го смени законот за да спречи идни напади врз Куранот, нагласувајќи дека овие напади се ниски, пренесува Анадолу.

Според алжирското Министерство за надворешни работи, Тобијас Билстром телефонски разговарал со својот алжирски колега Ахмед Атаф.

За време на разговорот Билстром укажал на уставните ограничувања што ја ограничуваат можноста на неговата Влада да спречи такво однесување, изразувајќи длабоко жалење за таквите постапки.

„Работиме на тоа да не се повтори непочитувањето на Куранот“, рече тој.

Билстром, исто така, го информираше Атаф за иницијативата преземена од шведското Министерство за правда за процена на можноста за усвојување закон за одржување на јавниот ред за да се реши таквото неприфатливо однесување.

Минатата недела Салван Момика, 37-годишен ирачки бегалец кој живее во Шведска, го газеше и клоцаше Куранот, само неколку недели откако ги запали страниците од муслиманската света книга пред една џамија во Стокхолм.

Во јануари, Расмус Палудан, дански лидер на екстремната десница, запали копија од Куранот пред турската Амбасада во Стокхолм. Инцидентот предизвика бес и осуда низ исламскиот свет.

По овие инциденти во неколку градови во Либан се одржаа протести против Шведска. Амбасадорката на Шведска во земјата, Ен Дисмор, наводно ја напуштила земјата на планиран одмор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Меси постигна гол против 100-тиот клуб во кариерата

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Повеќе од 50 китови се насукаа и угинаа на брег во Австралија

Latest from Blog

Невремиња и поплави погодија голем дел од САД, повеќе од 900.000 корисници без струја

Силни невремиња, обилни дождови, ветрови и поплави погодија голем дел од САД за време на Денот на благодарноста, нарушувајќи ги празничните патувања и оставајќи повеќе од 900.000 домаќинства и деловни објекти без

Вработени во ЈСП фатени како крадат гориво – ќе бидат избркани од работа

Вработени во ЈСП „Скопје“ се фатени како крадат нафта од автобусите во гаражата на претпријатието во Ѓорче Петров. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил објави фотографии на кои

Маурицио Сари: Не можеме постојано да се извлекуваме на ваков начин

Тренерот на Аталанта, Маурицио Сари, испрати сериозно предупредување до своите фудбалери, посочувајќи дека тимот не може постојано да се потпира на пресврти за да доаѓа до победи. Стратегот го коментираше драматичниот триумф

ДАЛИ СИНОЌА ТРАМП НАЈАВИ ДИПЛОМАТСКА СЕНЗАЦИЈА НА ГОДИНАТА? „На некои нема да им се допадне…“

Американскиот претседател Доналд Трамп отвори можност во последните недели од 2026 година да се случи една од најголемите дипломатски сензации годинава, доаѓање на рускиот претседател Владимир Путин на самитот на групата Г20,
Go toTop